Германски јазик/Минато време Перфект
<< Trennbare Verben | Perfekt | Perfekt >>
Perfekt / Минато време Перфект
Една можност кога се зборува за минатото во германскиот јазик е времето Перфект. Ова време најчесто се употребува кога се зборува за неодамнешни настани, особено ако тие се уште живи во сеќавање.
Партицип II
[уреди]Пред да го разгледаме минатото време Перфект, потребно е да разгледаме една форма на глаголите која во германскиот јазик е позната како Partizip II (или Partizip Perfekt). Партицип II е глаголска форма која се користи за формирање на сложени глаголски форми, меѓу кои и минато време Перфект.
Основните правила за образување на Партицип II од глаголите се сумирани во следнава табела:
Правилни глаголи | Неправилни глаголи | Помошни глаголи | Глаголи со -ieren |
---|---|---|---|
ge- + основа на глаголот + -t | ge- + основа на глаголот + -en | / | ieren → iert |
|
|
|
|
Деливи глаголи
[уреди]Кај деливите глаголи префиксот од глаголот секогаш останува прв.
Правилни деливи глаголи | Неправилни деливи глаголи |
---|---|
префикс + ge- + основа на глаголот + -t | префикс + ge- + основа на глаголот + -en |
|
|
Неделиви глаголи со префикс
[уреди]Кај глаголите кои имаат префикс, а се неделиви, никогаш не се става префикс ge- во Партицип II.
Правилни глаголи | Неправилни глаголи |
---|---|
основа на глаголот + -t | основа на глаголот + -en |
|
|
Образување на Перфект
[уреди]Минатото време во германскиот јазик со образува со помошните глаголи haben, а поретко со sein + Partizip II формата на глаголот.
ich | habe/bin | ge- | основа на глаголот | -t/en |
du | hast/bist | |||
er/sie/es | hat/ist | |||
wir | haben/sind | |||
ihr | habt/seid | |||
sie/Sie | haben/sind |
Кој помошен глагол да се искористи?
[уреди]- Во најголем дел од случаите за формирање на перфект се користи глаголот haben.
- Глаголот sein се користи кај глаголи кои опишуваат промена на положбата од едно до друго место (fahren, schwimmen, fliegen, gehen, laufen).
Некои од најчесто користените глаголи во секојдневниот говор кои одат со sein се:
инфинитив | перфект | македонски |
---|---|---|
aufstehen | ist aufgestanden | стана |
aufwachen | ist aufgewacht | се разбуди |
bleiben | ist gebleiben | остана |
einschlafen | ist eingeschlafen | заспа |
fahren | ist gefahren | возеше |
fallen | ist gefallen | падна |
fliegen | ist geflogen | леташе |
gehen | ist gegangen | одеше |
kommen | ist gekommen | дојде |
laufen | ist gelaufen | трчаше |
reisen | ist gereist | патуваше |
schwimmen | ist geschwommen | пливаше |
sein | ist gewesen | беше |
wachsen | ist gewachsen | растеше |
werden | ist geworden | стануваше |
Граматика | ||
Именки | Род (машки · женски · среден) · Број (еднина · множина) · Падеж (Номинатив · Акузатив · Датив · Генетив) | |
---|---|---|
Глаголи | Времиња (Сегашно време · Минато време Перфект · Идно време Футур I) · Начин (Заповеден) | |
Придавки | Степен |