Прејди на содржината

Германски јазик/Степенување на придавки

Од Wikibooks

Steigerung von Adjektiven / Степенување на придавки

Придавките во германскиот јазик се степенуваат со додавање на наставката -er во компаратив и зборчето -am и наставката -sten во суперлатив.

Правилни форми за степенување

[уреди]
  • Позитив: основна форма (на пр. klein)
  • Компаратив: придавка + -er (на пр. kleiner)
  • Суперлатив: am + придавка + -sten (на пр. am kleinsten)
Позитив Компаратив Суперлатив
klein kleiner am kleinsten
intelligent intelligenter am intelligentesten
billig billiger am billigsten
schön schöner am schönsten
hell heller am hellsten
  • Придавки кои завршуваат на -el, -en, -er, во компаратив обично ја испуштаат буквата е.
Позитив Компаратив Суперлатив
teuer teurer am teuersten
edel edler am edelsten
dunkel dunkler am dunkelsten

Едносложни придавки

[уреди]

Едносложните придавки кои содржат a, o или u, се степенуваат со истите наставки, со еден исклучок - самогласката во зборот добива умлаут.

Позитив Компаратив Суперлатив
groß größer am größten
alt älter am ältesten
jung jünger am jüngsten

Неправилни форми

[уреди]

Некои придавки имаат неправнилни форми за степенување и како такви треба да се запаметат.

Позитив Компаратив Суперлатив
viel mehr am meisten
gern lieber am liebsten
gut besser am besten

Споредба

[уреди]

Изразување на еднаквост

[уреди]

Реченици во кои се споредува еднаквост се формираат со оваа конструкција: so + позитив + wie. Тоа може да се преведе: како и/колку и/исто толку и сл.

  • Essen ist so schön wie Bochum. - Есен e убав како и Бохум.
  • Sie läuft so schnell wie er. - Таа трча брзо исто колку и тој.
  • Wir müssen diese Sache so schnell wie möglich erledigen. - Мораме да ја завршиме оваа работа колку што е можно поскоро.

Изразување на нееднаквост или разлика

[уреди]

Реченици во кои се споредува нееднаквост или разлика се формираат со следнава конструкција: компаратив + als.

  • Angela ist kleiner als Klara. - Ангела е помала од Клара.
  • Ich bin schneller als du. - Јас сум побрз од тебе.