Германски јазик/Идно време Футур I
Изглед
Идно време е глаголска форма која генерално го означува настани кои сè уште не се случиле, но се очекува да се случат во иднина (die Zukunft).
Образување
[уреди]Се образува со формите на помошниот глагол werden (ќе, букв. станува) во сегашно време + инфинитив од глаголот.
ich | werde | основа на глаголот | -en |
du | wirst | ||
er/sie/es | wird | ||
wir | werden | ||
ihr | werdet | ||
sie/Sie | werden |
Формите од глаголот werden секогаш стојат на второ место во реченицата, додека вториот глагол стои на крајот од реченицата.
Кога правиме претпоставка, со цел да ја зајакнеме често се користат зборови како wohl - веројатно, sicher - сигурно, bestimmt - секако. На пр.:
- Ich werde sicher morgen ins Kino gehen. - Утре сигурно ќе одам во кино.
Граматика | ||
Именки | Род (машки · женски · среден) · Број (еднина · множина) · Падеж (Номинатив · Акузатив · Датив · Генетив) | |
---|---|---|
Глаголи | Времиња (Сегашно време · Минато време Перфект · Идно време Футур I) · Начин (Заповеден) | |
Придавки | Степен |