Прејди на содржината

Латински-Лекција 1

Од Wikibooks

Латински јазик | Лекции: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36

Што е латински?

[уреди]

Делови од овој вовед се преземени од The Latin Language на главната страна на англиската Википедија.

1490

Латинскиот јазик прбовитно се зборувал во регионот на градот Рим наречен Латинум. Подоцна добил на важност кога станал официјален јазик на Римската империја.

Сите Романски јазици водат потекло од латинскиот јазик, а многу зборови во англискиот јазик како и други јазици во светот (вклучувајќи го и македонскиот) користат зборови од латински корен. Освен тоа, латинскиот бил лингва франка, академскиот јазик за научни и политички рабори повеќе од илјада години, со тоа што подоцна бил заменет со францускиот јазик во доцниот 18-ти век, а потоа со англиски во доцниот 19-ти век. Латинскиот и денес е официјален јазик на Римокатоличката црква, и како таков е официјалниот национален јазик на Ватикан.

Романските јазици не потекнуваат од класичниот латински јазик, јазикот кој го зборувале Цезар и Цицерон, туку од вулгарниот латински јазик, јазикот кој го зборувал обичниот народ, или vulgus-от на Рим. Класичниот и вулгарниот латински (Романски) се разликуваат (на пример) во тоа што во вулгарниот латински самогласките се нагласувале, додека во класичниот латински се издолжувале. Италијанскиот и Сардо логудорезе јазикот се одликуваат со карактеристично издолжување на согласките и нагласокот, во шпанскиот само карактеристичен нагласок, додека во францускиот дури ни нагласокот не е повеќе карактеристичен.

Романскиот (вилгарниот латински) и класичниот се разликуваат еден од друг и по тоа што современите романски јазици, со исклучок на романски (Романија и сл.), ги имаат изгубено падежните наставки во најголемиот број случаи (со исклучок на некои заменки). Романскиот сеуште има неколку падежи (иако некои од нив како аблатив попвеќе не се присутни).

Вовед во латинскиот јазик

[уреди]

Прости и сложени зборови

[уреди]

Во латинскиот јазик зборовите можат да бидат:

  • сложени (зборови кои се сочинети од повеќе од еден дел, на пример, корен во комбинација со префикс) или
  • прости (зборови сочинети само од еден дел).

Делови на зборот

[уреди]

Сите зборови имаат основа и корен.

Коренот

Коренот е примитивен дел од зборот и еден ист корен може да се најде и во други зборови со слично значење. Коренот исто така му го дава основното значење на зборот. На пример коренот на зборот agito (возам, терам) е agita, чиј корен е ag, кој може да се најде во други зборови со слично значење: ago - возам, agmen - тоа што се вози, итн.

Основата

Основа е делот од зборот без наставка (суфикс) кој ја одредува функцијата на зборот во реченицата. На пример, Dominus значи господар (лорд). Кога римјанинот сакал да зборува со некој лорд, тј му се обраќал со ,,Domine" (лорду). Во овој случај ,,Домин" е основа, а ,,us" и ,,e" се наставки. Ако ја додадеме наставката на основата, ние го менуваме зборот. За нешто повеќе на таа тема видете го прегледот.

Примитиви

Примитивите се јавуваат кога коренот и основата се едно исто. На пример, зборот ag-ere (делува) има основа ag и корен ag и така овој збор е примитивен збор.


Изворени зборови

Изворните зборови се јавуваат кога основата е различна од коренот. На пример, коренот ,,flamm" на зборот ,,flamma" има корен ,,flag".

Наставки

Основата на зборот користи наставка за да сочини еден збор (најголемиот дел од основите и корените неможат да се употребуваат без наставки). Ова се вика менување на зборот. Разните наставки, суфикси, и нивниот превод ќе следи во подоцнежните лекции.

Видови зборови

[уреди]

Именки

[уреди]

Именка (латински: nomen) е ,,нешто согледано или смислено од страна на нашиот ум".

Постојат три вида на именки: именки, придавки и заменки. Кај именките, наставките може да се менуваат во форма на деклинации и три случаја: број (еднина и множина, зависно од наставката), род (машки, женски и среден, кои во случај на именките скоро никогаш не се менуваат, а кај придавките и заменките истите се добиваат од наставките) и падеж (зависен од наставката). Придавките и заменките, кога атрибуираат некоја именка мораат да се усогласат во сите три случаја.

1. Именки (nomen substantivum) е израз за нешто што се согледува или замислува: psittacus - папагалот, nix - снегот, virtus - доблест.

2. Заменки (pronomen) се зборови кои се користат наместо именки или придавки.

Глаголи

[уреди]

Глаголите (verbum) се зборови кои го изразуваат прирокот, и кажуваат нешто за подметот, со тоа што чинат реченица. На пр. ago - правам, dixit - тој рече, venis - дојди. Глаголите имаат коњугации, т.е. променливи наставки. Глагол кој го менуваме, всушност го коњугираме. Глаголите се менуват во пет нешта: глаголски вид (актив, пасив), глаголски начин (исказен, наредбен), време, број (еднина, множина) и лице (1-во, 2-ро, 3-то).

Глаголот има два дела:

1. Финитив (verbum finitum) каде лицето е подмет, e.g. јас трчам, ти трчаш, тој трча, автомобилот вози, компјутерот е вклучен.

2. Инфинитив (verbum infinitum) каде не постои лице-подмет, на пр. трча, вози, врти, има влечено итн. Глаголските придавки исто така потпаѓаат во оваа категорија (шетаниот човек).

Модификатори

[уреди]

1. Придавки (nomen adiectivum) квалитативно го опишуваат она што се гледа или замислува.

Други

[уреди]

Честиците се зборови кои не се менуваат и играат улога да додадат значење во реченицата.

1. Предлози (praepositiones) се зборови кои и помагаат на една именка да го дефинира своето место во однос на некоја друга именка.

2. Сврзници (coniunctiones) се зборови кои поврзуваат зборови и реченици. (Како на пр. и, нити, но, итн.

3. Извици (interiectiones) се зборови кои се употребуваат за изразување на некое чувство или за привлекување на внимание.

О (Ох!) Ecce (Пази!) Eheu (Леле!)

Членови

[уреди]

Во латинскиот јазик НЕ ПОСТОЈАТ членови (зборови како македонските наставки ,,-от", ,,-ов", ,,-ва", ,,-на").

Преглед

[уреди]
Видови на зборови
ПроменливиНепроменливи
Именки: нешта кои се воочени или замислениПрилози: ги опишуваат придавките, глаголите и другите прилози
Придавки: квалитативно опишуваат некакво својство или состојба на она што се гледа или замислуваПредлози: и помагаат на именката да го дефинира своето место во однос на друга именка
Заменки: зборови кои се употребуваат наместо именки или придавкиСврзници: Поврзуваат зборови и реченици
Глаголи: го означуваат почетокот на една независна реченица. Глаголот во латински се менува како би го знаеле предметот (,,јас учам") и неговото време (на кое општо или конкретно време се однесува на него). Променливоста на глаголот се вика коњугацијаИзвици: Збор за изразув. на чувство или обрн. внимание

Вежби

[уреди]

1. Дефинирајте ,,основа".
2. Дефинирајте ,,корен".
3. Дефинирајте ,,променливост".
4. Дефинирајте ,,наставки".
5. Именувајте ги видовите на зборови.
6. Во која област од Италија првобитно се зборрувал латинскиот јазик?


^ Латински јазик ^ | Лекција 2 >>