Латински-Лекција 2
Изговор
[уреди]Латинскиот изговор доживеал неколку промени низ времето, а постојат и некои разлики помеѓу класичен латински, кој се зборувал во Римската република и Римската империја и средновековен или црковен латински, кој се зборувал во средниот век и во Католичката Црква. Во овој текст се изучува класичниот начин на изговор.
Дифтонзи во латинскиот јазик:
- ,,ae" (ае)
- ,,au" (ау)
- ,,oe" (ое)
- ,,eu" (еу)
- ,,ou" (оу)
- ,,ui" (уи)
- буквата ,,c" секогаш се изговара како македонското ,,к".
- буквата ,,g" секогаш се изговара како македонското ,,г".
- буквата ,,v" може да биде согласка (,,в") или самогласка (,,у").
- буквата ,,i" може да биде согласка (,,ј") и самогласка (,,и").
Буквите ,,j", ,,k", ,,u", ,,w", ,,z" и ,,y" не постоеле во латинскиот јазик, но понекогаш се користеле за пишување на зборови од грчко или друго странско потекло.
Граматика - Дел први: Именки и нивната улога во речениците
[уреди]Именките во латинскиот јазик се променливи, што значи дека наставките (суфиксите) се додаваат на крајот од основата. Овие наставки означуваат:
- Број (дали именката е во еднина или множина)
- Падеж на именката (улогата на именката во реченицата)
- Род (родот на зборот - машки, женски или среден)
Придавките мораат да одговараат на родот, бројот и падежот на именката која ја модифицираат (била таа именка или заменка). Овој принцип важи и во македонскиот јазик, со тоа што таму нема падежи. На пример, ако придавката опишува маса, која е женски род, таа придавка мора да има женска наставка за да соодветствува по род. (Треба да се спомне дека не сите зборови кои логично звучат женски во македонски би биле женски и во латински). Истовремено, придавката мора да соодветствува со падежот и бројот на именката која ја модифицираат. Така, доколку именката е во номинатив, еднина, женски род, тогаш и придавката која ја опишува мора да биде во номинатив, еднина, женски род. Доколку именката е во акузатив, множина, машки род, тогаш и придавката мора да биде во акузатив, множина, машки род.
Падеж (casus)
[уреди]Падежите (casus) ја одредуваат улогата на именката во реченицата во однос на глаголите во таа реченица. Во случаи на односи во кои именката не е способна така да се изрази се користат предлози заедно со соодветен падеж (видете во воведот).
Во латинскиот постојат 6 падежи: номинатив, вокатив, акузатив, генитив, датив и аблатив. Вокативот (Лекција 3) може да се смета за минијатурен падеж, но обично не е прифатен како падеж воопшто . Како најосновни, номинатив и акузатив ќе ги разгледаме први. Освен тоа, некои именки стојат во падеж ,,локатив", со значење ,,кај" или ,,во".
(сите потцртани зборови се во падежот објаснет во првата колона) |
|||
ПАДЕЖ | Одговара на прашањето | Пример (Латински) | Пример (Македонски) |
---|---|---|---|
НОМИНАТИВ | Кој или што? | Quis dedit? Vir. | Кој даде? (Еден) човек. |
ВОКАТИВ | Повикување или обраќање некому | O, Phoebe! | О, Фоебе! |
АКУЗАТИВ | Кого или што? | Quem video? Puerum. | Кого гледам? (Едно) момче. |
ГЕНИТИВ | Чиј или од кого? | Cuius donum? Viri. | Чиј подарок? На (еден) човек. |
ДАТИВ | Кому, за кого или што | Cui dedit? Viro. | Кому даден? На (еден) човек. |
АБЛАТИВ | Од, во, (зависи од предлогот) кој или што | A quo datum? a viro. | Од кого даден? Од (еден) човек. |
Род (genera)
[уреди]Сите именки спаѓаат во некој род. Во ова се вбројуваат и мртви предмети. Постојат три рода: машки, женски или среден.
На пример, homo, ,,човек," е машки род. Maritus, ,,сопруг," исто така е машки род. Puella, ,,девојка," е женски род. Mater, ,,мајка", е женски род. Дури и мтрвите предмети имаат родови, заклучно со сите месечини, ѕвезди, дрвја, алати итн. Која именка спаѓа во кој род обично се учи напамет, но постои и некоја логика.
ПОстојат некои правила з аодредување на родот на именки на мртви предмети. Деклинацијата е добар показател за родот, особено кај именки од 1-ва и 2-ра деклинација. Именките од 1-вата деклинација (именки со наставка -a) обично се женски род, а именките од 1-рата деклинација (именки со наставка -us) обично се машки или среден род. Постојат неколку исклучоци и тиа мораат да бидат научени напамет. Именките од 3-тата деклинација можат да бидат машки, женски или среден род. Именките од 4-тата деклинација се обично машки и понекогаш среден род, додека именките од 5-тата деклинација се обично женски род.
Придавките од 1-ва и 2-ра деклинација си ги разменуваат наставките во зависност од родот на именката која ја опишуваат (видете погоре: Согласување на родот на именките со придавките). Ако придавката опишува именка од женски род, истата мора да користи наставки од 1-ва деклинација; ако придавката опишува именка од машки род, тогаш се користат наставки од машки род од 2-ра деклинација; ако придавката опишува именка од среден род, истата мора да користи наставки од среден род од 2-ра деклинација.
Придавките од 3-тата деклинација ги употребуваат истите наставки за машките и женските именки. Кај именките од среден род пак, постои малку поразлична група на наставки.
Деклинација
[уреди]Сите именки спаѓаат во некоја од 5-те деклинации. Секоја деклинација има утврдени наставки за назначување на падежот и бројот. Обично родот се гледа од наставката, но постојат многу исклучоци. Така, родот мора да се научи напамет кај секоја поединечна именка.
При разледувањето на табелава, би можеле да изведете заклучок дека наставките за број, падеж и род првобитно биле исти за секоја именка. Меѓутоа како што јазикот се развивал, именките со заедничка основа обликувале свои деклинации и гласовите се промениле исто така (овојк процес е континуиран и трае и до денес).
Таблица на деклинации за именки Секоја именка во оваа табела е модел-именка. Секоја именка од даден род користи наставки од таа деклинација. Некои деклинации можат да користат варијанти на наставки за разни родови. Родовите дадени тука за секоја деклинација се само водич, и секогаш постојат исклучоци. | |||||
Деклинација: Род: | 1-ва Женски | 2-ра Машки/Среден | 3-та Маш. и Жен./Сред. | 4-та Машки/Среден | 5-та Женски |
Сите се во еднина. (Оваа таблица служи само да ве запознае со постоењето на разните деклинации и не треба да се запамтува. Затоа прикажување на множината би било излишно). | |||||
НОМИНАТИВ Подмет | puella | servus/bellum | rex/mare | gradus/cornu | res |
ВОКАТИВ | o puella! | o serve!/o bellum! | o rex!/o mare! | o gradus!/o cornu! | o res! |
АКУЗАТИВ Прирок | puellam | servum/bellum | regem/mare | gradum/cornu | rem |
ГЕНИТИВ Присвоен | puellae | servi/belli | regis/maris | gradus/cornus | rei |
ДАТИВ Индиректен прирок | puellae | servo/bello | regi/mari | gradui/cornui | rei |
АБЛАТИВ | puella | servo/bello | rege/mari | gradu/cornu | re |
Белешки: | Овие именки се именки со ,,a"-основа бидеќи нивната основа завршува со буквата ,,a". Овие именки еволуирале во ,,a"-именките кај современите романски јазици. | Овие именки се именки со ,,o"-основа бидејќи нивната основа завршува со буквата ,,о". Овие еволуирале во машките ,,o"-именки кај современите романски јазици. | Најголемиот дел од овие именки се именки со консонантна (согласна) основа. Неколку од нив се со ,,i"-основа. | Овие именки се именки со ,,u"-основа. | Овие именки се именки со ,,e"-основа |
За придавките исто така се деклинираат, но само во две деклинации: придавки 1-ва/2-ра деклинација и придавки од 3-та деклинација.
Придавките од 1-ва/2-ра деклинација користат наставки од 1-ва деклинација од таблицата кога опишуваат именки од женски род. Истите користат наставки од машки род, 2-ра деклинација од таблицатакога опишуваат именки од машки род. Наставки од среден род, 2-ра деклинација од таблицата се користат пак, кога опишуваат именки од среден род.
Придавките од 3-тата деклинација се однесуваат како именки со ,,i"-основа доколку не се посебно назначени. Наставките од машки и женски род (кои се исти) се користат за опишување на именки од машки и жњнски род, додека за именки од среден род се користат наставки од среден род. Заменките не се деклинираат, бидејќи се неправилни и едноставно мораат да се научат на памет.
Преглед
[уреди]- Деклинации се користат за категоризација на именките во групи. Постојат вкупно 5 деклинации.
- Секоја деклинација има утврдени наставки кои се додаваат на именките од соодветната деклинација.
- Наставките укажуваат на падежот и бројот кога се додадени на основата на именката.
- Именките ги користат само наставките соодветни на нивната деклинација .
- Секоја именка има предодреден род кој речиси никогаш не се менува и стои засебно од наставката.
- Придавките можат да бидат или во 1-ва/2-ра деклинација или во 3-та деклинација.
- Придавките го користат родот на именките кои ги модифицираат.
Значи:
- Придавка од 1-ва/2-ра деклинација косристи наставки од 1-ва деклинација кога опишува именка од женски род; наставка од машки род во 2-ра деклинација за именка од машки род и и наставка од среден род, 2-ра деклинација за именки од среден род.
- Придавка од 3-та деклинација ги користи истите наставки за именки од машки и женски род и други наставки за именки од среден род.
Пред да прејдете на Лекција 3, изработете ги вежбиве за да можете да го применувата ова знаење во латинскиот јазик.
Вежби
[уреди]- Кои се трите рода?
- Дали родовите за секоја именка се логични?
- Што е број (еднина/множина)?
- Што е падеж?
- Што е деклинација?
- Опишете го односот помеѓу придавките и именките кои ги опишуваат.
- Како се ускладуваат придавките од 1-ва/2-ра деклинација со родот на именките кои ги модифицираат; како се ускладуваат именките од 3-та деклинација по род со именките кои ги модифицираат?
- Колку деклинации постојат?
- Кој род се најголемиот број на именки од 1-ва деклинација?
- Кои родови се најголемиот број на именки од 2-ра деклинација?
- На што укажуваат наставките на основите?
- Резимирајте ја странава.
^ Латински ^ | << Лекција 1 | Лекција 2 | Лекција 3 >>