Постојат некои работи кои треба да ги имате на ум кога ја уредувате Викикниги.
Без свои истражувања[уреди]
Викиизвор не е место за „оригинални истражувања“ — т.е. нови теории и сл., кои не се целосно докажани или потврдени. За повеќе информации, видете Што не е Викикниги.
Исто така ги обесхрабруваме авторите да пишуваат за себе или за своите достигнувања, бидејќи ова претставува конфликт на интереси. Ако имате направено значителни успеси, некој друг евентуално ќе напише статија за Вас.
Неутрална гледна точка[уреди]
Правило при уредувањето на Викиизвор е она на „неутрална гледна точка“, често скратено како „НГТ“. Ова правило вели дека ги прифаќаме сите важни гледишта на еден проблем. Наместо една перспектива, ние ги прикажуваме сите релевантни гледни точки без да им судиме. Нашата цел е да информираме, а не да убедуваме. Ова правило НЕ значи дека нашите статии се 100% објективни, бидејќи во секој конфликт сите страни вреуваат дека нивниот поглед е „правилен“.
ОК е да давате мислења во статии, но тие мора да бидат презентирани како мислења, а не како факти, Исто така, добра идеја е да им придавате атрибути на овие мислења, како на пример: „Поддржувачите на ова велат дека...“ или „Познатиот коментатор X верува дека...“
Можно е да најдете дискусии за статии во кои се вели дека е оспорена неутралноста. Овде станува збор за статии кои се очигледно напишани од една перспектива. Маркетингот на продукти е во оваа категорија, како и политичката определеност. Во помалку екстремни случаи, статиите имаат проблеми со неутралноста ако значително подолго дискутираат само еден поглед во однос на друг со иста важност, и покрај тоа што погледот е презентиран на неутрален начин.
Бидете внимателни ако го посветите своето време во уредување на контроверзни статии во теми како што се политиката или религијата и запомнете да останете смирени и објективни кога дебатата ќе се вжешти. Ако се посветите на помалку емоционални теми, на пр. статии за видео игри или филмови, пак запомнете да ја чувате својата неутралност.
Викикниги бара да ги цитирате изворите за информацијата со која придонесувате. Сите извори треба да бидат во листа под секција наречена „Референци“. Ако постојат некои вебсајтови кои можат да му бидат од посебен интерес на читателот во врска со темата, тие треба да бидат содржани во листа под секција наречена „Надворешни врски“, а книги од посебен интерес за темата треба да бидат наведени во секцијата „Понатамошно читање“, но само ако тие не се користени како извори за статијата. Цитатите им помагаат на нашите читатели да го потврдат она што сте го напишале и да најдат повеќе информации.
Не поднесувајте заштитен материјал без дозвола. Кога додавате информации во статиите, бидете сигурни дека се напишани со свои зборови. Запомнете дека сите информации најдени на интернет се заштитени освен ако вебсајтот специфично не го тврди спротивното. Особено бидете внимателни при подигнувањето на слики, бидејќи најголемиот дел од оние кои се најдени на интернет не се слободни и не можат да бидат подигнати на Викиизвор. Слики заштитени со авторски права се користат само во исклучителни услови на фер употреба.
Стандарден јазик и стил[уреди]
Кога пишувате статии, бидете сигурни дека Вашиот текст е напишан на стандарден македонски јазик, а не на некој од дијалектите. Од голема важност е и правописот на текстот, кој треба да биде по кодифицираните стандарди. За повеќе информации, видете Правопис на македонскиот јазик.
Викиизвор е збирка на книги и употребува енциклопедиски стил на пишување. Статиите треба да бидат со формален начин на нарација, со конкретни реченици изградени од факти, а не мислења. Избегнувајте употреба на атрибути кои ја опишуваат дадената тема. Наместо да кажете, на пример, „Адолф Хитлер е најлошиот злосторник на 20-от век..“ наведете ги само делата кои ги извршил Хитлер, користејќи објективност и дадете му на читателот сам да пресуди и сам да го одреди карактерот на темата.
Викикниги охрабрува атмосфера на пријателство и отвореност. Секако, во пракса понекогаш се случуваат некои несогласувања и по некој вжештен аргумент, но од членовите на заедницата се очекува да се однесуваат на генерално цивилен начин.
Најважната работа која треба да ја имате на ум е дека секогаш треба да претпоставите добри намери во врска со другите уредувачи. Не претпоставувајте дека некој делува од инает или за зли намери. Ако некој или нешто Ве вознемирува, оставете учтива порка на страницата за разговор на поврзаната статија или на страницата за разговор на корисникот, и прашајте зошто. Можете да откриете понекогаш дека сте избегнале недоразбирање и сте се поштедиле себеси од посрамување.
Преименување на статии[уреди]
Ако најдете статија за која верувате дека е погрешно именувана, Ве молиме, немојте да ја копирате и залепите содржината на старата статија во нова статија - меѓу другите работи, ги одделува претходните уредувања од нивната историја на уредувања (кои мораме да ги чуваме заради причини поврзани со авторските права). Преферираниот метод е да се премести страницата во новото име. Ако ова Ви е прв обид за таков потфат, Ве молиме внимателно читајте ги правилата на страницата за преместување, бидејќи има број на проблеми кои треба да се имаат на ум при преместување на статии. Најдобро би било да се консултирате со некој од администраторите или од поискусните уредувачи.
Тестирајте го она што го научивте во песокот
|