Прејди на содржината

Викикниги:Почетен курс (Викиврски)

Од Wikibooks
Оваа статија е дел од
почетниот курс
на Викикниги.
Лекции

Почеток
Уредување на статиите
Обликување на статиите
Викиврски
ВикиПроекти
Надворешни врски
Страници за разговор
Не заборавајте
Регистрирање
Заклучок

Видете уште
Помош:Содржина


Викиврски се сините и црвените линкови во статиите на Викикниги кои водат до други статии. Поврзувањето на статиите заедно е многу важно. Овие врски кои лесно се креираат им овозможуваат на корисниците да дојдат до информации поврзани со темата која ја читаат и се важни за лесното употребување на Викикниги.

Кога да употребувате врски

Најлесниот начин да научите каде да ставате врски е да ги разгледате статиите на Викикниги за примери. Ако се двоумите дали да ставите викиврска или не, само запрашајте се себе си „Ако јас ја читам оваа статија, дали врската мене би ми била корисна?“ Обично ставете врска на првото, и само првото, појавување на збор/термин во статија, што нема имплицитно јасна дефиниција.

Како да создавате врски

Кога сакате да создадете врска до друга страница на Викикниги потребно е насловот да го ставите во двојни средни загради ([[]]):

[[Викиизвор]] = Викиизвор

Поставувањето на врската се прави понекогаш со двојни средни загради ([[]]) и знакот за исправена линија (|) ако зборот се менува (на пример во овој случај се членува), а има потреба да се направи врска со истата статија. На пример:

[[Око|окото]] = окото или [[Око]]то = Окото

Можете да направите врска до специфична секција на некоја статија на следниот начин:

[[Република Македонија#Географија|географијата на Р. Македонија]] = географијата на Р. Македонија

Ако сакате прикажаниот текст да биде закосен или задебелен, ставете ги апострофите до средните загради, на овој начин:

''[[Мојата борба]]'' = Мојата борба

Викиврски се стават и на датуми, со тоа што денот и месецот се во една врска, а годината во втора:

[[13 јули]], [[2001]] 13 јули 2001

Ставањето врски на датуми може да не изгледа како многу важна работа, но сепак е значајна за начинот на кој датумите се прикажуваат во интернет пребарувачот, зависно од прилагодувањата на корисникот.

Испробајте го она што го научивте во песокот


Категории

Можете да ставите една статија во некоја категорија заедно со други поврзани статии, од иста тема. Само внесете [[Категорија:]] и ставете го името на категоријата меѓу двете точки и средните загради.

За да направите врска до страница на некоја категорија (на пример, како референца за понатамошно истражување), само ставете две точки (:) на почетокот на зборот „Категорија“, на следниов начин

[[:Категорија:Хемија]]

Горниот код го создава следново:

Категорија:Хемија

Многу е важно да ги ставате статиите во правилните категории за луѓето лесно да го пронајдат Вашиот труд. Најдобриот начин да најдете во која категорија да ја сместите статијата е да разгледате страници на слична тема и да видите кои категории тие ги користат. На пример, ако сте напишале статија за вид на некое дрво, можете да видите статија за некој друг вид на дрво и да видите кои категории се соодветни.

За повеќе информации видете ја страницата за категории


Продолжете со курсот за вики сестринските проекти