Прејди на содржината

Викикниги:Пристојност

Од Wikibooks
Оваа страница документира официјално начело на македонската Викикниги, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:УЧТ
ВП:ЦИВИЛ
Најважното од оваа страница:
  • Учествувајте на проектов со почит и разбирање кон другите.
  • Не ги игнорирајте позициите и заклучоците на другите.
  • Обидете се да ги обесхрабрите останатите да не бидат неучтиви и одбегнувајте вознемирување на други уредувачи секогаш кога тоа е можно.

    Ова начело не е оружје кое можете да го употребувате против други придонесувачи.

Пристојноста е основното и најважното начело за поведение на Викикниги. Неговата примена е задолжителна при уредувањето на статии, при пишувањето на коментари на страниците за разговор, а исто така и при опишувањето на уредувањата. Неучтивоста може кратко да се опише како однесување кое придонесува за создавање на атмосфера, која создава конфликти и непочитување. Според принципите и напатствијата на Викикниги, сите корисници се должни во меѓусебните односи да бидат учтиви.

Проблеми

[уреди]

Викикниги е отворена за сите оние коишто сакаат да придонесат во зголемувањето на нејзиниот број на статии и во подобрувањето на постоечките статии. Сепак, на Викикниги на македнски јазик односите меѓу сите корисници не се најдобри. Создавањето на конфликтни ситуации директно влијае на квалитетот на уредувањата. Во таквите конфликтни ситуации, понекогаш е тешко да дојде до откажување од субјективната оценка на некои корисници. Најчесто уредувањата на корисниците се читки, разбирливи и со објаснување на внесените измени, но понекогаш се случува да дојде до жестокост. Од друга страна, има корисници кои многу чувствително реагираат на промените направени на нивните уредувања, бидејќи сметаат дека дури се менува значењето на она што го имаат напишано.

Сувите коментари, кои се даваат како опис на извршените уредување не секогаш се веродостојни и понекогаш знаат да се косат со вистински направените промени. Една ваква ситуација може да доведе до создавање на несакани проблеми од многу поголеми размери. Навлезени во проблеми, корисниците помалку помислуваат на уредување на статии, а повеќе на «победа» над «непријателот».

Примери

[уреди]

Ситни примери

[уреди]
  • употреба на грубости;
  • недолични описи при опишување на уредувањата;
  • понижување на корисникот, поради неговите познавања од јазикот или поради неговиот избор на зборови;
  • преувеличување на личниот степен на образование и личните познавања и омаловажување на туѓите (на пр. «Јас сум доктор на науки, а кој си ти?»)
  • прекршување на нормативната лексика, со употреба на несвојствени зборови за оценка на другите корисници, како «глупак», «прост», «будала» и др. (исто така е забрането да се употребуваат вакви зборови, со испуштање или замена на букви);
  • непромислена осуда за недостојност од било кој вид.

Сериозни примери

[уреди]

Предлошка:Main

  • зли намери и провокации;
  • груби навреди на другите корисници, кои вклучуваат расна, национална, полова и возрасна навреда;
  • вандализам на туѓа корисничка страница;
  • намерно откривање на идентитетот на некој корисник;
  • давање на недолични предлози и совети.

Какви проблеми носи неучтивоста?

[уреди]

Неучтивоста:

  • убедува некои корисници да изгубат желба да извршат некоја работа;
  • ги раздразнува корисниците да влезат во неконструктивни спорови и ги провоцира на одредена грубост и агресивност;
  • го принудува противникот во спорот да се погрижи за обезбедување на самоодбрана, што води кон придобивката на другите мислења и формирањето на консензус на тој начин;
  • ја уништува верата во добрите намери и на тој начин го попречува решавањето на дадениот проблем и идните конфликти;
  • води до трошење на време за решавање на конфликтите, наместо за уредување на нови или подобрување на постоечките статии;
  • води до промена на мислењето на корисниците за целите или нивно погрешно поимање;
  • ја претвора Викикниги во некомфорна и недружељубива средина соскриено чувство на можна опасност.

Општи предлози

[уреди]

За спречување на неучтивоста на Викикниги

[уреди]
  • Не дозволувајте за конфликтот да дознаат и останатите корисници.
  • Во случај на неопходност, предложете му на корисникот пауза, со која би се намалил нтензитетот на конфликтот и по одреден временски период би се создале услови за негово решавање. Како додаток на ова, може слободно да побарате од некој администратор да ја заштити страницата, која е предмет на конфликтот од понатамошни уредувања, со што страстите ќе бидат смирени.
  • Охрабрувајте ги оние, кои се обидуваат со учтивост, против грубоста и жестокоста да го решат конфликтот.
  • Искористете факторот на влијанието на заедницата, кој се однесува на неодобрување на секоја направена грубост.
  • Имајте на ум, во прв ред за решавање на проблемот да барате компромиси.
  • Предложете им на некои корисници, да не уредуваат определен период на конфликтни теми.
  • Дејствувајте, со помислата дека на проект како Викикниги невозможно е да се избегне неучтивоста, но во тој случај не реагирајте со неучтивост.
  • Охрабрете доволен број на учесници да учествуваат во развој на проектот.

Намалување на учинокот

[уреди]
  • Одговарајте на конструктивен начин, обидувајќи се да омекнете конфликтот.
  • Не реагирајте на навредливи коментари, туку игнорирајте ги.
  • Доколку веќе сте реагирале, обидете се тоа да биде учтиво и со почит. Во таков случај, многу корисници може да го прифатат Вашиот коректен стил на однесување.
  • Не го засилувајте значењето на конфликтите, туку обидете се да го маргинализирате.
  • Игнорирајте ја свесната грубост и замислете си дека ја нема. Со тоа може да создадете лик, кој соодветствува во решавањето на проблемите на нарушителите и заедницата.
  • Повремено, повлекувајте се од зоната на конфликти. Викикниги е голем проект и во меѓувреме може да се поработи на нешто друго, па кога стратстите ќе се смират повторно да се вратите на проблемот.
  • Однесувајте се со корисниците како со колеги, со кои долго време работите заедно на проектот. Употребувајте ги изразите: «Благодарам», «Жал ми е», «Извинете», «Поздрав», «Знам дека и двајцата сакаме да биде подобро, ајде да најдеме компромис» и сл.
  • Избегнувајте го негативното однесување кон корисниците во страници за разговор, во кои има коректни коментари.

Отфрлање на неетички коментари

[уреди]
  • Отстранувајте ги грубите коментари од страниците за разговор или заменувајте ги со поучтиви. (Промените на навредливите зборови се дозволени само доколку со нивната промена се зачува смислата на реченицата. Во спротивно промените се забранети.)
  • Отстранете ги навредливите коментари од страницата за разговор. (Истите остануваат во историјата на страницата и во секој момент може да се најдат)
  • Во одредени случаи, кога не сте сигурни дали да го избришете навредливиот коментар или да ги замените навредливите зборови со учтиви, обратете се и за тоа прашајте некој администратор.

Видете исто така

[уреди]