Прејди на содржината

Викикниги:Кој ја пишува Викикниги

Од Wikibooks

Кој ја пишува Викикниги?

Кратенки:
ВП:КЈПВ


Викикниги е напишана од придонесот на голем број на волонтери, поврзани заедно само од љубовта кон знањето. Сите го делиме истиот сон на слободно знаење кое е бесплатно и лесно достапно до секого. На волонтерите не им е потребен посебен во Викикниги доаѓаат од многу држави од светот и се од спектар на години и занимања. Секој кој придонесува на оваа енциклопедија е наречен „Викикнигинец“.

Начело на Викикниги е да се додаваат тврдења кои се проверливи и да не се додаваат свои истражувања. Водичот за стил на Викикниги ги охрабрува корисниците да ги цитираат изворите за содржината која ја внесуваат во статиите. Понекогаш Викикнигинците не ги следат овие начела бидејќи забораваат или не се свесни дека постојат и сПредлошка:Уникод додека не се цитираат изворите, читателите на статијата не можат да ја проверат точноста на содржината во прашање.

Кога определен број на луѓе работат на информација на дадена тема, понекогаш неизбежно се создаваат несогласувања. Корисна одлика на Викикниги е можноста да се одбележи определена статија или секција како содржина која има нарушена неутрална гледна точка. Оваа одлика е особено важна за популарни или контроверзни теми или теми каде што постојат многу различни погледи. За да се разреши несогласувањето, заинтересираните уредувачи ќе мора да да ги поделат своите ставови на страницата за разговор на статијата. Тие ќе се обидат да дојдат до заедничка согласност - консензус за да може сите валидни перспективи да бидат фер прикажани. Ова овозможува Викикниги да биде извор на соработка, а не само на информации.

Многу корисници се консултираат со страницата „Историја“ на една статија за да го одредат бројот и перспективата на луѓе кои придонеле на статијата. Можете и да се консултирате и со страницата за разговор за да видите што останатите читатели и уредувачи имаат да кажат за неа.

Некои статии кои се уредувани од многу луѓе се прикажани во листата на избрани статии. Овие статии го имаат статусот „избрани“ бидејќи се смета дека се со висок квалитет. (Ако подоцнежните уредувања го намалат квалитетот на избраната статија, корисниците можат да ја номинираат статијата за отстранување од листата.)

Најдобриот начин да одлучите дали некое тврдење е точно е да најдете независни, веродостојни извори кои го потврдуваат тврдењето, како што се книги, статии од весници, телевизиски вести, журнали или веб страници.

Како да се подобрат статиите

[уреди]

Кога ќе најдете статија која е незавршена или неточна, можете да ја уредите статијата за да го подобрите квалитетот, точноста и корисноста на Викикниги. Некој можеби ќе стави ознака на врвот на статијата која вели дека статијата бара внимание. Можно е и да создадете нова статија за да ги поделите со јавноста информациите кои сПредлошка:Уникод уште не се во Викикниги.

Кога за прв пат луѓето се запознаваат со Викикниги, многумина мислат дека статиите се создаваат од многу луѓе кои додаваат само по неколку зборови од време на време. Многу уредувања се навистина ситни и само го поправаат правописот, реформулираат реченици или додаваат по некој факт. Но уредувачите кои имаат добро познавање на определена тема често придонесуваат со цели параграфи или цели статии одеднаш. Овие луѓе можат да бидат и универзитетски професори, но и добро информирани аматери и хобисти.

Нови или обични читатели на Викикниги често ќе забележат мали грешки во статиите како што ги читаат, па ги поправаат, но некои други обични читатели се само љубопитни за тоа како може да се уредува Викикниги и често додаваат некорисни или неучтиви коментари, кои најчесто бргу се отсрануваат од останатите уредувачи.

Секогаш бидете храбри!

Видете исто така

[уреди]