Прејди на содржината

ОСНОВАЧИ НА СОЦИОЛОГИЈАТА

Од Wikibooks

Социолошкото занимавање и проучување на човекот и неговата заедница потекнуваат од дамнешни времиња. Античките грчки и римски мислители Сократ, Аристотел, Платон, Херодот, Тукидит, Кикерон и Ливиј, но и кинескиот филозоф Конфучиј, како и арапскиот Ибн Калдун, многу придонеле за затемелување на знаењата за човековата заедница и општеството.

Сепак, дури со распаѓањето на феудалното општество и неговиот преод во капитализам, се создадоа услови за осознавање на општествата. Експанзијата на научните знаења и технолошкиот развој го променија колку ликот на светот, толку и сфаќањата за него.

Кон крајот на 18-тиот, и половината на 19-тиот век, сѐ повеќе се нагласува потребата од создавање на посебна наука, која за свој предмет на проучување ќе го има општеството, неговата структура и развој. на голем број универзитети се држат предавања од предмети кои добиваат најразлични имиња, морална филозофија, социјална физика, социјална механика, социјална физиологија. Сите се обидуваат да го претстават општеството како природен феномен за кој важат слични закони како законите на природата. Тоа значи дека развојот на науката за општеството во овој период е во близок однос со развојот на природните науки.

Сен Симон, кој живее во големата криза на француското општество и на Граѓанската револуција, отворено укажува на потребата од создавање на наука за општеството. Според него, таа наука треба да ја објасни смислата на општествената преобразба на француското општество и да ги открие движечките сили и неговиот иден развој. Таквата наука за него треба да биде еднакво егзактна како што се природните науки. Тој неа ја нарекува социјална физика, а подоцна социјална физиологија.

Денес се мисли дека ако треба да се побара основачот на социологијата, тоа место треба да му припадне на Сен Симон. Неговото дело ги содржи во елементарна форма сите својства на развиена социолошка наука. Сен Симон оствари големо влијание и врз делото на Маркс и Енгелс, зачетници на марксистичкиот правец во социологијата. Тој влијаел и врз делото на Огист Конт кој е првиот претставник на граѓанската насока во социологијата. Сепак, тешко е да се каже дека социологијата се изделила како самостојна наука преку делото на само еден автор. Нејзиното созадавање претставува долготраен процес. Голем број мислители кои живеат пред и по Француската револуција, особено во втората половина на 19-тиот век, учествуваат во процесот на нејзино осамостојување. Сите тие со определбата на нејзиниот предмет на проучување и со изборот на објективни методи на проучувањето ја определуваат општата физиономија на социолошката наука. Сепак, некои од нив се посебно значајни.

ОГИСТ КОНТ (1789-1857)

КАРЛ МАРКС (1818-1883)

ЕМИЛ ДИРКЕМ (1858-1917)

МАКС ВЕБЕР (1864-1920)

ТАЛКОТ ПАРСОНС (1902-1979)