Кинески јазик/Пишување на кинески
Кинеските знаци се логографски карактери кои се користат во кинеското писмо. Тие се најстариот систем на пишување во светот кој е сè уште во употреба, и се користат во традиционалниот и поедноставениот кинески јазик.
Колку знаци постојат?
[уреди]Одговорот е илјадници! Веројатно ќе треба да знаете нешто околу две илјади за да можете да читате кинески весници и книги, но не ви треба ништо слично на тој број за да читате мени, да одите на шопинг или да читате едноставни улични знаци и упатства. Како што можете да поминете во повеќето земји знаејќи околу сто зборови од локалниот јазик, така и во Кина можете да поминете многу добро знаејќи стотина вообичаени кинески знаци. Исто така тоа е одлична основа за учење да читате и пишувате кинески.
Дали еден знак одговара не еден збор?
[уреди]Иако секој знак има свое значење, не е целосно точно дека секој знак е еквивалентен на еден „збор“. Секој знак всушност е само еден слог. На кинески, како и на македонски, некои зборови се составени само од еден слог, но повеќето зборови се составени од два или повеќе слога. Повеќето зборови на кинески всушност се состојат од два засебни знакови.
Линии
[уреди]Хоризонтална линија
[уреди]Хоризонталната линија е една од осумте основни линии. Се пишува одлево надесно.
Еве неколку примери за знаци кои се пишуваат со хоризонтална линија:
Вертикална линија
[уреди]Секогаш прво се пишува хоризонталната линија, а потоа вертикалната.