Прејди на содржината

Кинески јазик/Лекција 1

Од Wikibooks

Лекција 1: 你好!

[уреди]

Најсоодветно е да ја започнеме првата воведна лекција по кинески јазик со вообичаениот поздрав: 你好。 Еве дијалог помеѓу две личности што се запознаваат за прв пат.

Дијалози

[уреди]

Дијалог 1

[уреди]
Упростени знаци Традиционални знаци
金妮: 你好。 金妮: 你好。
欧文: 你好。 歐文: 你好。
金妮: 我叫金妮。你叫什么名字? 金妮: 我叫金妮。你叫什麽名字?
欧文: 我叫欧文。 歐文: 我叫歐文。
Пинјин Македонски
Jīnní: Nǐ hǎo. Џини: Здраво.
Ōuwén: Nǐ hǎo. Овен: Здраво.
Jīnní: Wǒ jiào Jīnní. Nǐ jiào shénme míngzi? Џини: Јас сум Џини. А ти како се викаш?
Ōuwén: Wǒ jiào Ōuwén. Овен: Јас сум Овен.

Дијалог 2

[уреди]
Упростени знаци Традиционални знаци
金妮: 他们是谁? 金妮: 他們是誰?
欧文: 她是艾美,她是中国人。他是东尼,他是美国人。 歐文: 她是艾美,她是中國人。他是東尼,他是美國人。
金妮: 你也是美国人吗? 金妮: 你也是美國人嗎?
欧文: 不是,我是英国人。你呢?你是哪国人? 歐文: 不是,我是英國人。你呢?你是哪國人?
金妮: 我是法国人。 金妮: 我是法國人。


Пинјин Македонски
Jīnní: Tāmen shì shéi? Џини: Кои се тие?
Ōuwén: Tā shì Àiměi, tā shì Zhōngguórén. Tā shì Dōngní, tā shì Měiguórén. Овен: Таа е Ејми. Таа е Кинеска. Тој е Тони, Американец.
Jīnní: Nĭ yě shì Měiguórén ma? Џини: И вие сте Американец?
Ōuwén: Bú shì. Wǒ shì Yīngguórén. Nǐ ne? Nǐ shì nǎ guó rén? Овен: Не, јас сум Британец. А вие? Од која националност сте?
Jīnní: Wǒ shì Fǎguórén. Џини: Јас сум Французинка.

Лексикон

[уреди]

Белешка: Посетете ја потстраницата за потезниот редослед за првата лекција за да видите слики и анимации кои објаснуваат како се пишуваат следните знаци. Пинјинот има врски до аудиоснимки, каде што се достапни. Имате потешкотии со пуштање на снимката? Видете помош со снимките.

Упростено Традиционално (ако е разл.) Пинјин Вид на збор Македонски [‍м.‍]
1а. (зам) ти (еднина, машки)
1б. (зам) ти (еднина, женски)
2. hǎo (прид) добро
3. men (чест) (именски множител)
4а. 你们 你們 nǐmen (зам) вие (множина, машки)
4б. 你们 妳們 nǐmen (зам) вие (множина, женски)
5. (зам) јас
6. 我们 我們 wǒmen (зам) ние
7. (зам) тој
8. (зам) таа
9. 他们 他們 tāmen (зам) тие (маш.)
10. 她们 她們 tāmen (зам) тие (жен.)
11. jiào (гл) се вика
12. 什么 什麽 shénme (зам) што
13. 名字 míngzi (им) име
14. shì (гл) е (сум/си/сме/сте/се)
15. shéi ИЛИ shuí (зам) кој
16. guó (им) земја
17. rén (им) човек, лице [个 (個) gè]
18. (прил) исто така
19. ma (чест) (прашална чест.)
20. ne (чест) (прашална чест. за познат контекст)
21. ИЛИ něi (зам) кој
22. (прил) (негира глаголи)

Лични именки

[уреди]
Упростено Традиционално (ако е разл.) Пинјин Македонски
1. 金妮 Jīnní Џини
2. 欧文 歐文 Ōuwén Овен
3. 艾美 Àiměi Ејми
4. 东尼 東尼 Dōngní Тони
5. 中国 中國 Zhōngguó Кина
6. 美国 美國 Měiguó Америка
7. 英国 英國 Yīngguó Британија
8. 法国 法國 Fǎguó Франција
Најчесто националноста се изразува многу едноставно: на името на земјата му се додава 人. 中国 (Кина) станува 中国人 (Кинез), и така натаму.

Граматика

[уреди]

Основни реченици

[уреди]
Реченичната структура на кинескиот е мошне слична со македонската бидејќи обата јазика ја следат шемата Подмет-Глагол-Прирок (ПоГлПр). За разлика од многу јазици, глаголите, именките и придавките во кинеските реченици не се менуваат, и немаат наставки. Во ниеден случај на нив нема влијание времето или лицето на дејството.

По + Гл + Пр



1. 我叫艾美。

Wǒ jiào Àiměi.
Се викам Ејми.

Реченици со shì [是]

[уреди]
Shì, едначенскиот глагол е, може да се користи како македонското е или е рамно на. Shì понекогаш се користи за едначење на комбинации од именки, именски фрази и заменки. Овој збор не се користи со придавки, како во македонското „Таа е убава“.

По + 是 + Пр


1. 我是中国人。

Wǒ shì Zhōngguórén.
Јас сум Кинез(ска).

2. 她是金妮。

Tā shì Jīnní.
Таа е Џини.

3. 她们是英国人。

Tāmen shì Yīngguórén.
Тие се Англичани.
Shì се негира ако пред него стои [不]. е во IV тон, но се менува во II тон ако стои пред друг IV тон.

По + 不 + 是 + Пр


1. 他不是东尼。

Tā bú shì Dōngní.
Тој не е Тони.

2. 我不是美国人。

Wǒ bú shì Měiguórén.
Јас не сум Американец(ка).

Членови

[уреди]

Кинескиот јазик нема членови.


Прашалната честичка ma [吗]

[уреди]
Исказната реченица станува прашална со додавање на начинската (модалната) честичка ma [吗] на крајот. Ова игра иста улога како македонската честичка „ли“, но за разлика од македонскиот, се употребува во секоја ситуација.

Исказната реченица под 1. се претвора во прашална под 2.

1. 她是金妮。

Tā shì Jīnní.
Таа е Џини.

2. 她是金妮吗?

Tā shì Jīnní ma?
Дали таа е Џини?

Прашалната честичка ne [呢]

[уреди]
Начинска (модална) честичка ne [呢] прави прашање кога контекстот е веќе познат, аналогно на македонското „А...?“. Честопати се употребува кога сакаме прашањето да го повториме за друг подмет. Просто додајте ne на крајот од именката или заменката за да прашате „А ова“.


1. 我叫东尼, 你呢?

Wǒ jiào Dōngní, nǐ ne?
Јас се викам Тони. А ти?

2. 艾美是中国人, 他呢?

Àiměi shì Zhōngguórén, tā ne?
Ејми е Кинеска. А тој?

Прашални зборови

[уреди]
Како и честичките, прашалните зборови образуваат прашање од исказ, без да го сменат зборовниот ред. Прашалниот збор се става на местото кадешто би бил подметот во одговорот.


1. 他们是哪国人?

Tāmen shì nǎ guó rén?
Од која земја се?

2. 谁是美国人?

Shéi shì Měiguórén?
Кој е Американец?

3. 她是谁?

Tā shì shéi?
Која е таа?