Прејди на содржината

Германски јазик/Модални глаголи

Од Wikibooks

<< Plural der Nomen | Die Modalverben | Fragen >>


Die Modalverben / Модални глаголи

Што се модални глаголи?

[уреди]

Во германскиот јазик постојат шест модални глаголи (Modalverben) кои многу често се употребуваат за искажување на:

  1. дозвола/возможност/способност
  2. обврзност/неопходност
  3. намера/предвидување

Модалните глаголи се неправилни глаголи. Тие се:

  1. können - може, умее - искажува умеење, способност.
  2. müssen - мора - искажува неопходност, обврзаност, наредба, должност.
  3. wollen - сака, намерава - искажува намера, желба, план.
  4. sollen - треба - искажува инструкции, наредба, совет.
  5. dürfen - смее, осмели - искажува дозвола, забрана.
  6. mögen - сака - искажува наклонетост.

Модалните глаголи во сегашно време

[уреди]
können
може
müssen
мора
wollen
сака
sollen
треба
dürfen
смее
mögen
сака
ich kann muss will soll darf mag
du kannst musst willst sollst darfst magst
er/sie/es kann muss will soll darf magt
wir können müssen wollen sollen dürfen mögen
ihr könnt müsst wollt sollt dürft mögt
sie/Sie können müssen wollen sollen dürfen mögen
Секогаш кога во реченицата покрај модалниот има уште еден глагол, по лица и број се изменува само модалниот глагол, а другиот глагол останува во инфинитив.

Примери

[уреди]

Секогаш кога во реченицата користиме модален глагол, тој мора да биде конјугиран по лице, а вториот глагол останува во инфинитивна форма.

  • können
    • Ich kann sehr schnell schwimmen. - Јас можам (умеам/знам) многу брзо да пливам.
    • Ich kann nicht tanzen. - Јас не можам (умеам/знам) да танцувам.
    • Er kann Gitarre spielen. - Тој може (умее/знае) да свири на гитара.
  • müssen
    • Du muss Morgen arbeiten. - Ти мораш наутро да работиш.
    • Er muss heute zu Hause bleiben. - Тој мора да остане дома денеска.
    • Ich muss nach Hause (gehen). - Јас морам да одам дома.
  • wollen
    • Wollen sie zum Konzert gehen? - Сакаат ли тие на концерт да одат?
    • Will er Essen? - Сака ли тој да јаде?
    • Ich will reisen. - Јас сакам да патувам.
  • sollen
    • Der Doktor sagt, du sollst mehr schlafen. - Докторот вели дека ти треба повеќе да спиеш.
    • Wann sollen wir kommen? - Кога треба ние да дојдеме?
    • Morgen soll es regnen. - Утре треба да врне.
Hier darf man nicht schwimmen.
  • dürfen
    • Er darf nichts anfassen. - Не смее да пипне ништо.
    • Hier darf man nicht schwimmen. - Тука не смеете да пливате.
  • mögen
    • Ich mag bücher lesen. - Јас сакам да читам книги.
    • Sie mag ihn. - Таа го сака него.