Латински-Лекција 3

Од Wikibooks
Скокни на: содржини, барај

Латински јазик

<< Лекција 2 | Лекција 4 >>


Содржина

[уреди] Белешки за вокабуларот

Номинативниот падеж е падежот на подметот во реченицата.

Белешка: Кај еден збор номинативната еднина не се изведува од генитивната форма на зборот како кај другите падежи, туку (особено во случајот на именки од 3-та деклинација) се зналително различни по форма.

Во оваа глава ќе се користат следниве поими:

м. = машки род ж. = женски род с. = среден род

  • Именките од 1-ва и 2-ра деклинација се дадени во номинатив. Благовремено ќе биде додадена и генитивната еднина. Иако не е апсолутно неопходно, би требало да стекнете навика да деклинирате именки на база на генитивната сонова. Во оваа глава тоа не се третира.
  • Именките од 3-та, 4-та и 5-та деклинација се дадени во номинативна и генитивна еднина.
  • Придавките од 1-ва/2-ра деклинација се дадени со наставките за машки, женски и среден род.
  • Придавките од 3-та деклинација се дадени во номинативна и генитивна еднина.

[уреди] Граматика - Дел први: Преглед на падежот Номинатив

Вокабулар за лекцијава
Латински Македонски
magn-us -a -um голем -а -о
bon-us -a -um доб-ар -ра -ро
mal-us -a -um лош -а -о
puell-a ж. девојка
puer м. момче
domin-a ж. господар
domin-us м. господарка
lud-us м. училиште
triclini-um с. трпезарија
esse
(ego) sum
(tu) es
[lud-us] est
(nos) sumus
(vos) estis
[lud-ī] sunt
да се биде
јас сум
ти си
[училиштето] is*
ние сме
вие сте
[училиштата] се
non Прилог кој стои пред глаголот и значи ,,не" и со тоа го негира зборот.
Запомнете: некои именки од 2-ра деклинација ја губат наставката ,,-us" во номинатив - момче е ,,puer", а не "puer-us".

[уреди] Граматика: ставање на номинативот во множина

Број 1-ва деклинација Жен. 2-ра деклинација Маш. 2-ра деклинација Сред.
Еднина puell-a lud-us triclini-um
Множина puell-ae lud-i triclini-a

За ставање на правилни именки во множина, заменете ја наставката за еднина со наставката за множина. Сите придавки кои ја опишуваат именката мораат да бидат исто така во множ ина -- придавките мораат да се сложуваат со именките по падеж, број и род.

Глаголот мора да се сложува по број со неговиот подмет.

[уреди] Примери

Латински Македонски
puell-a est bon-a Девојката е добра.
За множина:
puell-ae sunt bon-ae Девојките се добри.
Латински Македонски
poet-a est bon-us Поетот е добар.
За множина:
poet-ae sunt bon-i Поетите се добри.
Латински Македонски
triclini-um est magn-um Трпезаријата е голема.
За множина:
triclini-a sunt magn-a Трпезариите се големи.
Латински Македонски
sum magn-us Јас сум голем.
За множина:
sumus magn-i Ние сме големи.
Латински Македонски
es bon-us Ти си добар.
За множина:
estis bon-i Вие сте добри.
 

[уреди] Други примери

[уреди] Пример 1

Латински Македонски
triclini-um est magn-um Трпезаријата е голема.
Белешки: За да означиме дека трпезаријата е таа што е голема, на зборот му додаваме номинативна наставка од среден род, еднина (-um) на magn-us, за да се сложи по род (triclini-um е среден род и бара наставка од среден род), падеж (triclini-um е во номинатив и бара номинативна наставка) и број (triclini-um е во еднина и бара наставка во еднина). Правилната наставка за magnus во овој случај е -um.
Затоа, triclinium est magnus, е грешка бидејќи magnus не се сложува со triclinium и вака би збуниле некој римјанин. Тој би ве разбрал: ,,Трпезаријата е голем човек."

[уреди] Пример 2

Латински Македонски
puell-a est magn-a Девојката е голема.
Белешки: За да означиме дека девојката е таа што е голема, на зборот му додаваме номинативна наставка од женски род, еднина (-а) на magn-us, за да се сложи по род (puell-a е женски род и бара наставка од женски род), падеж (puell-a е во номинатив и бара номинативна наставка) и број (puell-a е во еднина и бара наставка во еднина). Правилната наставка за magnus во овој случај е -а.

[уреди] Пример 3

Латински Македонски
lud-us est magn-us Училиштето е големо.
Белешки: За да означиме дека училиштето е тоа што е големо, на зборот му додаваме номинативна наставка од машки род, еднина (-us) на magn-us, за да се сложи по род (lud-us е машки род и бара наставка од машки род род), падеж (lud-us е во номинатив и бара номинативна наставка) и број (lud-us е во еднина и бара наставка во еднина). Правилната наставка за magnus во овој случај е -us.

[уреди] Пример 4

Латински Македонски
ludi sunt magni Училиштата се големи.
Белешки: За да означиме дека училиштата е тие што се големи, на зборот му додаваме номинативна наставка од машки род, множина (-i) на magn-us, за да се сложи по род (lud-us е машки род и бара наставка од машки род род), падеж (lud-us е во номинатив и бара номинативна наставка) и број (lud-us е во множина и бара наставка во множина). Правилната наставка за magnus во овој случај е -i.


[уреди] Вежба 1

Преведете на македонски:

  1. vos estis boni
  2. sum qui sum (qui = кој)
  3. es puell-a.
  4. lud-us est magn-us.
  5. sumus bon-i

Преведете на македонски:

  1. sum bon-us
  2. es bon-us
  3. est bon-us
  4. sumus bon-i
  5. estis bon-i
  6. sunt bon-i
  7. puell-a est in hort-o (in horto = во градината)
  8. sum in hort-o
  9. es in hort-o
  10. sunt in hort-o
  11. Fabi-us est bon-us (Fabius е лично име)
  12. Juli-a est puell-a.
  13. Flavi-a est domin-a.
  14. Fabi-us est domin-us
  15. Flavi-a non est domin-a mal-a.
  16. non sum bon-us.
  17. non sumus bon-i.

^ Латински ^ | << Лекција 2 | Лекција 4 >>

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
Печати/извези
Алатник