Се заљубив во девојче убаво

Од Wikibooks

Се заљубив во девојче убаво е македонска народна песна.

Текст на песната[уреди]

Се заљубив во девојче убаво
Се заљубив во девојче убаво
во девојче танка снага очи зелени.
Рефрен
Леле, леле што е убаво [x2]
кој што љуби тој тагува
љубовта е слатка измама. [x2]
Една вечер јас го сретнав на порти
бре девојче лудо младо со друг стоеше.
Рефрен
Па си појдов во меана да пијам
да го смирам мојто срце заљубено.
Рефрен
Пивнав вино, викнав песна да пеам
да си душа од срце тажно развеселам.

Надворешни врски[уреди]

Блог за македонски народни песни