Прејди на содржината

Словачки јазик/Азбука

Од Wikibooks

Азбука

[уреди]

Словачката азбука (abeceda) има 46 букви, што ја прави најдолга азбука во словенските јазици. Азбуката е латинична. Карактеристично е што над некои букви се пишуваат дијакритични знаци, кои го менуваат изговорот на буквата. Една буква обично означува еден глас.

За полесно изучување ќе ги поделиме буквите во три групи:

  • „едноставни букви“ кои имаат еквивалентна буква во македонската азбука
  • букви кои се составени од две букви
  • букви кои содржат дијакритички знаци.

„Едноставни букви“

[уреди]

Овие букви имаат еквивалент во македонската азбука. Такви се:

Буква Македонски
еквивалент
Пример Превод
a а ahoj здраво
b б babka баба
c ц cena цена
d д dom куќа
e е euro евро
f ф fontána фонтана
g г gitara гитара
h х hrdina херој
i и ihla игла
j ј jablko јаболко
k к kniha книга
l л les шума
m м mesto град
n н noha нога
o о oko око
p п pomoc помош
r р rodina семејство
s с stolička столица
t т telo тело
u у ruka рака
v в voda вода
y и ryba риба
z з zelenina зеленчук

Буквите w, x и q се јавуваат само кај мал број на зборови од странско потекло:

Буква Македонски
еквивалент
Пример Превод
w в watt ват
x кс taxi такси
q кв squash сквош

Букви составени од две букви

[уреди]

Овие букви иако се составени од две букви, во словачката азбука се сметаат како единечни букви. Такви се:

Буква Македонски
еквивалент
Пример Превод
dz ѕ mosadz месинг
џ džem џем
ch х chlieb леб

Букви со дијакритични знаци

[уреди]

Постојат четири знаци кои може да се најдат над некои букви.

Знак за издолжување

[уреди]

Знакот за издолжување (dĺžeň) се пишува како коса црта над буквата, која се изговара подолго.

Буква Македонски
еквивалент
Пример Превод
á долго а ráno утро
é долго е pekné убаво
í долго и číslo број
ó долго о móda мода
ú долго у útok напад
ý долго и bývať живее
ŕ долго р vŕba врба
ĺ долго л stĺp столб

Знак за омекнување

[уреди]

Знакот за омекнување (mäkčeň) се пишува како квака или апостроф кај некои букви.

Буква Македонски
еквивалент
Пример Превод
č ч čokoláda чоколадо
ň њ skriňa плакар
š ш šport спорт
ž ж život живот
ď ѓ ďakujem благодарам
ť ќ ťava камила
ľ љ ľad мраз

Двојбодка

[уреди]

Две точки (dvojbodka) може да се најде само над буквата а, и се изговара како кратко е.

Буква Македонски
еквивалент
Пример Превод
ä кратко е mäso месо

Вокањ

[уреди]

Се пишува само над буквата о, и се изговара како уо.

Буква Македонски
еквивалент
Пример Превод
ô уо stôl маса

Изговор

[уреди]

Во принцип во словачкиот јазик важи правилото: Читај како што пишуваш, и обратно. Еден главен исклучок од ова правило е тоа што групите de, te, ne и di, ti, ni се читаат како да имаат знак за омекнување: ďe, ťe, ňe, ďi, ťi, ňi (иако никогаш не би ги напишале вака). Така, на пр. се пишува nedeľa, а се изговара ňeďeľa.

Исто така, буквата v се чита како 'у кога се наѓа на крајот на зборот (krv, domov) и кога се наоѓа помеѓу самогласка и согласка (pravda, polievka).

Акцентот се паѓа на првиот слог од зборот.