XI. Состојбата во Индија (прод.): адвокатите

Од Wikibooks

Читател: Вие ми кажувате дека кога двајца се караат не треба да одат на суд. Тоа е зачудувачки.

Уредник: Без разлика дали го нарекувате зачудувчки или не, тоа е вистината. И вашето прашање не носи до адвокатите и докторите. Моето силно убедување е дека адвокатите ја поробија Индија, ги потенцираа хинду-мухамеданските несогласувања и ја потврдија англиската власт.

Читател: Лесно е да се изнесат овие обвинувања, но ќе ви биде тешко да ги докажете. Ако не адвокатите, кој би ни го покажал патот до независноста? Кој би ги заштитил сиромашните? Кој би ја осигурил правдата? На пример, покојниот Маномохан Гос бранеше многу сиромашни бесплано. Работата и постоењето на Конгресот кој вие толку многу го фалевте зависи од работата на адвокатите. Да се разобличува една толку почитувана класа луѓе е да се прави неправда, а вие ја злоупотребувате слободата на печатот критикувајќи ги адвокатите.

Уредник: Некогаш и јас мислев како вас. Немам желба да ве убедувам дека тие никогаш не направиле ниту една добра работа. Го почитувам сеќавањето на г-н. Гус. Точно е дека тој им помагаше на сиромашните. Дека Конгресот им должи нешто на адвокатите е веројатно. Адвокатите се исто така луѓе, а во секој човек има нешто добро. Можат да се истакнат сите случаи кога адвокатите направиле добро, но ќе се открие дека доброто се должи на нив како луѓе, а не како адвокати. С# што сакам да ви покажам е дека професијата учи на неморал, изложена е на искушенија од кои само неколкумина се спасиле.

Хиндусите и мухамеданците се скарале. Обичен човек би им кажал да заборават, би им кажал дека помалку или повеќе и двајцата се виновни и би ги посоветувал да престанат да се караат. Но тие одат кај адвокати. Должност на адвокатот е да застане на страната на својот клиент и да изнајде методи и докази во полза на неговиот клиент, кои вообичаено за него (клиентот) се сосема непознати. Ако не го сторот тоа, ќе се смета дека ја деградирале својата професија. Затоа, како по правило, адвокатите би ја продлабочиле кавгата, отколку да ја спречат. Што повеќе, луѓето ја одбираат таа професија, не со цел да им помогнат на другите, туку да се збогатат. Тоа е еден од патиштата да се стане богат и во нивен интерес е да има повеќе расправи. Познато ми е дека тие се радуваат кога има расправии. Ситните застапници всушност ги произведуваат. Нивните намамувачи, како пијавици, ја цицаат крвта од сиромашните луѓе. Адвокатите се луѓе кои имаат малку работа. Мрзливите луѓе со цел да уживаат во луксузот, одбираат такви професии. Ова е точна изјава. Секоја друга причина е обично тврдење. Адвокатите се оние кои открија дека нивната професија е чесна. Тие ги создаваат законите како што ги создаваат своите фалби. Тие одлучуваат колкав хонорар ќе наплатат и ставаат толку многу на страна, што сиромашните речиси ги сметаат за родени во рајот. Зошто повеќе ги сакаат хонорарите отколку обичните работници? Зошто нивните потреби се поголеми? Зарем тие што прават добро имаат право на поголема награда? И ако направиле нешто за земјата заради пари, како би можело тоа да се смета за добро? Оние кои знаат нешто за хинду-мухамеданските кавги знаат дека често се должеле на интервенцијата на адвокатите. Некои семејства биле уништени преку нив, тие направиле браќа да бидат непријатели. Кнежествата кога поминаа под владение на адвокатите, се давеа во долгови. Многу беа целосно ограбени. Има многу вакви примери. Но најголемата неправда која $ ја направија на оваа земја е што го зацврстија англискиот стисок. Мислите ли дека би било возможно англичаните да ја спроведат нивната влада без судовите. Погрешно е да се мисли дека судовите се формирани за доброто на народот. Оние кои сакаат да ја одржат својата моќ го прават тоа преку судовите. Ако луѓето беа способни да ги разрешат своите кавги, трета страна не би била способна да наметне никаква власт на нив. Навистина, луѓето беа помалку немажествени кога самите си ги разрешуваа расправите или со тепање или барајќи нивните роднини да решат за нив. Тие станаа повеќе немажествени и кукавици кога им се обратија на судовите. Се разбира беше знак на дивјаштво кога ги решаваа расправиите со тепачки. Но дали е помало дивјаштво, ако замолам трета страна да реши помеѓу мене и вас. Се разбира, одлуката на третата страна е не секогаш исправна. Страните сами знаат кој е во право. Ние, во нашата едноставност и незнаење, си замислуваме дека туѓинец земајќи ни ги парите ни дава правда. Главната работа која треба да биде запаметена е дека без адвокатите судовите не би можеле да бидат формирани и без нив англичаните не би можеле да владеат. Да претпоставиме дека има само англиски судии, англиски застапници и англиска полиција, тие би можеле да владеат само со англичаните. Тие не би можеле без индиски судии и индиски застапници. Како застапниците беа во почетокот создадени и како беа повластени, треба да го разберете добро. Тогаш би ја имале истата аверзија за професијата како што ја имам јас. Ако застапниците ја напуштеа својата професија и ја сметаат за онолку деградирачка колку и проституцијата, англиската власт би попуштила за еден ден. Тие имаа важна улога во обвинението дека ние сакаме кавги и судови како што рибата ја сака водата. Она што го кажав за застапниците се однесува и на судиите, тие се први братучеди, и едните им даваат сила на другите.