Прејди на содржината

9. Образование, наука и култура

Од Wikibooks


Што се однесува до карактеристиките и специфичните белези на македонскиот јазик, француските аналитичари во своите експертски анализи изнесуваат високи оценки “македонскиот литературен јазик, кој за кратко време од неговото официјално применување по ослободување на Македонија направи значаен напредок во својот развој и, како што сметаат славистите, претставува еден меѓу наразвиените во групата словенски јазици...”.< Archives diplomatique... Nantes... Фонд, Etat General des fonds, serie, Скопје, vol. 12. > Пиринскиот дел од Македонија, иако не беше приклучен во составот на неговата матица - Вардарска Македонија, односно НР Македонија, непоседно по Втората светска војна во просветно-културен поглед, според француски согледувања, сепак успеа да се здобие со културни и национални права: “во културен поглед Пиринска Македонија е доста напедната...,...има училишта во сите села и гимназии во сите центри, а во Горна Џумаја има Национален театар. Оваа година (1947 година б.м.) наставата се изведува на македонски јазик и се предава македонска историја... населението во мнозинство го сочинуваат Македонци и последнава година (1947 година - б.м.) во Бугарија 75% од населението од Пиринска Македонија се декларираа како Македонци...”.< Archives diplomatique... Paris... Serie, З, Europe, Sous-serie, Yougoslavie, vol. 32. >

Ваквата културна автономија што беше создадена за македонскиот народ во Пиринска Македонија претставуваше едне од најсуштествените резултати на новото бугарско општество, а беше заснована врз основа на Бледската спогодба потпишана меѓу Јосип Броз Тито и Ѓорѓи Димитров, од 1 август 1947 година.

Забрзаниот развој на просветно-културната и економската соработка меѓу Македонија и Бугарија доби нови содржински форми и димензии со признавањето на националните права на македонскиот народ од Пиринска Македонија од страна на новата бугарска власт непосредно по Втората светска војна. Посебни заслуги и придонес за овие културни и национални придобивки имаше залагањето и стојалиштето на претседателот на Бугарија Георги Димитров, не само за стекнување на овие културно-просветни и национални права, туку и за правото на македонскиот народ за обединување во една македонска држава, изнесено во американскиот и шведскиот печат преку интервјуа (бележки на Стејт Департментот бр. 1295 Е.В.). Овие ставови на Георги Димитров ги анализира и францускиот дипломатски претставник во Софија Жак Емил во својот извештај до своето Министерство за надворешни работи под наслов “Македонското прашање и бугарско-грчките извештаи”.<Исто таму... Paris... Соусе-serie, Yougoslavie, vol. 76. >

Што се однесува до остварувањето на просветно-културните, националните и други права на македонскиот народ во Егејска Македонија која остана во Грција се вели: “Пред војната (се мисли на Втората светска војна - б.м.) Македонците не беа третирани рамноправно од Грците...,...им се забрануваше нивниот јазик, нивната историја, школување. Грчките империјалисти со нивните идеи за голема Грција настојуваа да ги денационализираат Македонците. За кусо време од владеењетона ЕАМ по војната (по Втората светска војна - б.м.) Македонците ги имаа сите национални права. Тие основаа македонски училишта на сопствен македонски јазик, манифестирајќи ја нивната национална свест во секој поглед...”.<Исто таму...>

Од сите македонски делови на Македонија посебно нагласен развој на процесот на образованието, науката и културата по Втората светска војна се одвиваше во вардарскиот дел односно во НР Македонија. Причините и околностите за тоа се познати, а основниот предуслов се состоеше во реалноста што во овој дел од Македонија македонскиот народ низ сопствена народноослободителна војна ја извојува својата слобода и создаде своја македонска држава во рамките на југословенската федерација. Состојбата по ослободувањето на Вардарска, односно ДФ-НР Македонија се одликуваше со една мошне ниска образовна структура на населението. Имено, основната цел на културно-просветното ангажирање на надлежните просветни органи непосредно по ослободувањето на Макеоднија беше отстранување на со векови наследената назадност во културно-просветен поглед. Тоа беше последица на спроведуваната национална просветна политика на предвоените големосрпски кругови, како и на денационализаторските и асимилаторските тенденции на бугарскиот фашистички окупатор во Македонија. За таа цел се наметнуваше потреба за коренити промени, што претставуваше сериозна и мошне сложена, но премостлива задача. Тоа особено се однесуваше на културно-просветниот пробив во македонското село, а посебно сред албанската и турската националност.

Во остварувањето на оваа задача органите на народната власт создаваа, иако бавно, една широка мрежа на културно-просветни установи, истовремено обновувајќи ги постојните. Но при преземањеот на овој чекор, се појавија два проблема од сериозна природа и тоа. прво, големиот процент на неписменост сред населението од околу 70% и второ, недостиг настручен просветен кадар за нивно описменување како и финансиски средства и друго.<Гледано низ призмата на статистичката состојба на неписменоста на Македонија во 1931 година таа, според некои податоци, изнесуваше 67,5% од вкупното население. Од ослободувањето па до средината на 1948 год. беа описменети над 100 илјади неписмени, од кои само во првата половина на 1948 год. над 43 илјади; според Статистичкиот годишник на ФНРЈ од 1954 год. на 15. ИИИ. 1948 год. во Македонија од нив 410.591 машки и 399.835 женски - Статистички годишњак ФНРЈ, Београд, 1954, второ издание, стр. 54, 65. Овој процент на неписмени се совпаѓа со еден извор, според кој непосредно по ослободувањето бројот на неписмените со над десетгодишна возраст изнесуваше 67,5%, од кои 53,3% мажи и 81,7% жени, што во однос на другите подрачја Македонија беше пред Б и Х со 70% неписмени, Космет со 84,2% и Санџак 76,4%, а општојјугословенскиот просек на неписмени изнесуваше 44,6%, од кои 32,3% мажи и 56,3% жени; според некои податоци, изнесени во сп. “Жена Данас” од април-мај 1946 год., во Македонија кон средината на 1946 год. непоисменоста изнесуваше 88%, а во Скопје 30%. Последниве податоци изнесени во сп. “Жена Данас” се неточни и не кажуваат дали се однесуваат на неписменоста на жените или воопшто - в. “Нова Македонија”, год. ИИ, бр. 192, 19. Виии. 1945; излагање на Лазар Мојсов - В Конгрес на КПЈ, стр. 417 и 422; “Жена Данас”, април-мај 1946, бр. 41-42.> Уште во текот на првата учебна година по ослободивањето, 1944/45 година, бројот на училиштата во Македонија изнесуваше 927 спрема 848 во учебната 1936/37 година, а во наредната 1945/46 бројот на училиштата се зголеми на 1201 основни училишта, од кои 146 беа албански, 67 турски и 9 српски, а другите македонски или во процент тој пораст изнесуваше 25%.<Види за просветно-културната дејност поопширно кај Лазар Лазаров, Општествено-политичките организации во обновата и изградбата на НР Македонија 1944-1948, Скопје, ИНИ, 1979; од истиот автор, Просветната политика на НР Македонија 1944-1956 година... сп, “Просветно дело”, Скопје, 1984, бр. 1-2, с. 18-38, истиот автор. Форми на просветно-културна и уметничка активност...; Годишник на Универзитетот на социолошки и политичко правни истражувања. Скопје, 1978/1, с. 304-322.>

Посебно за одбележување е тоа што во учебната 1944/45 година беа отворени 10 полни гимназии, а во 1945/46 уште 13 непотполни гимназии, што претставуваше крупен чекор напред во развојот на просветата во Макдонија бидејќи овие средни школи претставуваа расадници на културата односно од нив произлегуваа учители кои беа испраќани на теренот во Македонија. Во 1945 година во Скопје беше отворена учителска школа а подоцна во Штип и Битола беа отворени педагошки одделенија при тамошните гимназии.

Најгорлив проблем во спроведувањето на културно-просветната политика претставуваше ликвидирањето на неписменоста на населението, што во процент изнесуваше околу 70% или во бројки изразено имаше околу 260-300.000 неписмени.<Исто таму...> Зголемената потреба од наставнички кадар дојде и како резултат на забрзаниот развој и проширувањето на училишната мрежа и други просветно-културни установи. Тоа најдобро го илустрира и потврдува подолу изнесената табела за состојбата на училиштата, наставниците и учениците.< Статистички годишњак ФНРЈ - с. 322-323; Лазар Лазаров - цит. дело.>

Франција, преку своите надлежни експерти, дипломатско-конзуларни и други претставници, ги следела просветно-културните промени во Македонија по Втората светска војна и барала тие да ги изнесуваат своите видувања и оценки за квалитетот и ефектите од работата на образовниот и културниот процес. Така, уште во првите години по ослободувањето на Макеоднија, француските аналитичари го посочуваат оној дел од Уставот на НР Македонија од 1946 година што се однесува на употребата на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, нагласувајќи ја реалноста дека “употребата на македонскиот јазик како официјален петставува симбол на независноста на македонската држава...”.< Archives diplomatique... Paris... Serie, З, Europe, sous-serie, Yougoslavie, vol. 76 - Извештај на францускиот конзул во Скопје од 25 февруари 1947 година, предемт: “Уставот на Република Македонија”.>

Француската документација за оваа културно-просветна дејност во Македонија обилува со бројни податоци, анализи и оценки за севкупниот духовен и културен живот, за работата на училиштата на сите нивоа, за театарскиот живот на макеоднскиот народ и националните малцинства и други институции од просветата, културата и уметноста. Посебно внимание во анализите на фанцуските експерти се обрнува на високото образование и на неговиот развој, но има и критички согледувања. “Високото образование се развива многу брзо во Македонија, но проблемите се сериозни, посебно во однос на квалитетот на наставата на скопскиот универзитет кој е потчинет на самоуправувањето, раководено од Партијата...”.< Archives diplomatique.. Nantes,Фонд, Etat General des fonds, serie, Скопје, vol. 1. >

Во анализите на француските експерти се прави паралела со организационата поставеност на француските универзитети, која во основа е слична, но се укажува дека при изборот на раководни лица на нашиот универзитет од редот на наставниците се смета за подобен оној наставник кој и' припаѓа на Партијата, а не се тргнува од квалитетот и другите способности на наставникот. Слични се и оценките при изборот на раководни лица и во студентската организација.<Исто таму...>

Француските аналитичари го истакнуваат развојот и растежот на високото образование, процес кој е очигледен не само преку зголемувањето на бројот на факултетите туку и од опфатеноста на студентите во нив, што ги потврдува и илустрира следниов преглед: