Прејди на содржината

7. Осврт на Францускиот елаборат за Македонија

Од Wikibooks

7. Осврт на францускиот елаборат за Македонија

Според своето значење, а посебно според видувањата и оценките за Македонија и Македонците, овој елаборат-студија за Македонија< Archives diplomatique... Nantes... Фонд, Etat General des fonds... serie, Скопје, vol. 1. заслужува внимание да се објави како посебно издание. Меѓутоа, во оваа прилика издвојуваме само некои позначајни фрагменти поради нивната оригиналност, оставајќи на тој начин можност читателот сам да просуди за вредносното значење на изнесените анализи, оценки и заклучоци.> Кога конкретно станува збор за овој француски елаборат, значаен негов белег претставува тоа што ја гледа Македонија од повеќе аспекти: национален, политички, стопански, просветно-културен или, накусо речено, од сите аспекти. Според француските видувања и оценки, “се работи за еаден регион совршено разграничен од Куманово до Солун, од Родопските планини до албанската граница, по долината на Вардар и Струма до Егејското Море. Македонија има три соседи: Бугарија со 160 км граница, Грција со 230 км граница и Албанија со 155 км граница...,...за време на турското владеење во Македонија е формирана ВМРО која се бореше за ослободување на Македонија и за создавање на своја држава... Судбината со Егејска Македонија се' уште не е регулирана...,...неколку месеци по осудата на Тито од Коминформот (јуни 1948 година - б.м.) генерал Маркос е отстранет во февруари 1949 година. Граѓанската војна во Грција е при крај, а македонија ќе остане распарчена. Народна Република Македонија (во Југославија) и Пиринска Македонија (во Бугарија), Егејска Македонија (во Грција). Борбите за влијанија продолжија во трите Македонии..”.<Исто таму...>

Што се однесува до населението во Макеоднија, во овој француски елаборат податоците се засновани на пописот од 1948 година, кога Македонија има 1.152.986 жители од кои: 788.889 Македонци, 197.434 Шиптари, (од албанско потекло), 95.187 Труци, 19.500 Цигани, 9.508 Цинцари односно Власи, а остатокот го сочинуваат Срби, Далматинци, Словенци итн.<Исто таму...> Пред војната, според оваа мала студија, 21,3% од населението во Македонија живее во градовите, а остатокот во селата. Во 1952 година, кога е подготвен овој елаборат за потребите на Франција, населението во градовите достигна 27% или поточно во 1939 година имаше сако 12.920 индустриски работници, а нивниот број во 1952 година достигнува 100.000.<Исто таму...>

Во врска со Македонците во Грција и во Бугарија, во елаборатот се поставува прашање колку Македонци има во Бугарија а колку во Грција: “одговорот е тежок, бидејќи макеадонската националност... не е дефинирана во овие земјуи... така што за Бугарија изнесените бројки варираат од 200 илјади до 600 илјади. На 2 октомври 1948 година, според Димитар Влахов, се сметаше на 240 илјади Македонци што живеат во Бугарија. Оваа бројка изгледа вистинита. Има ли 500.000 Македонци во Грција, како што тврдат некои Југословени? Ние сметаме дека не е таква оваа состојба од многу причини (размена на населението според Договорот од Лозана, светската војна (се мисли на Втората светска војна - б.м.) двојната окупација од Германија и Бугарија, Граѓанската војна, политиката на сегашново емигрирање применувана од грчката влада). Напротив, може да се потврди дека Егејска Македонија претежно е населена од Грци. Потребно е да се одбележи само дека 20.000 Македонци од Грција сега се во Југославија*<Конечната бројна состојба на Македонците бегалци од Егејска Македонија во НР Макеадонија изнесува 25.000, а во Југославија пошироко 35.000 Македонци, додека вкупниот број на бегалците од Егејска Македонија изнесува 232.000 преселени во европските и во прекуокеанските земји. Шарверијат, француски претставник во Специјалната комисија на ОН за Балканот, изнесува бројка од 552.000 бегалци од цела Грција, а според извештајот на грчката влада имало 486.025 бегалци. - Дипломатски архив на Француското министерство за надворешни работи на Франција, Нант, Фонд - серија, Специјална комисија на ОН за Балканот vol. 201.>...”+<Исто таму...>

Посебно внимание во францускиот елаборат се посветува на македонскиот јазик: “Македонците високо ги афирмира потеклото на нивниот јазик...,...во потеклото на овој јазик има и еден дијалект од регионот на Солун, на кој кон 863 година пишуваа браќата Кирил и Методиј...,...во 1900 година во Прилеп е пронајден пишан документ од 20 мај 1637 година на чист македонски јазик. Разговорот и кореспонденцијата се употребуваа од дамнешни времиња на овој јазик чии карактеристики денес се дефинирани...,...првите македонски писатели чии текстови се печатени се Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски (меѓу 1814 и 1819 година). Овој последниов пишуваше на еден дијалект од Штип-Кратово кој е македонски, а првиот со еден дијалект од Тетово - западно-македонски...,...зачетоците на македонската литература се од средината на XIX век...,...Ѓорѓи Пулевски го поставува прашањето за унифицирање на литературниот јазик. Крсте П. Мисирков, во своето дело За македонцките работи Софија (1903) година ја потврдува употребата на централниот идиом во литературниот јазик...,...кон крајот на 1944 година Президиумот на Националното собрание на Македонија избра Комисија за јазикот и ортографијата, а проектот за алфабетот е санкциониран со декрет од 3 мај 1945 година и прифатен од президиумот на 7 јуни 1945 година. Сега, Македонците учат во училиштата на својот национален јазик, весниците се печатат на македонски и е издадена граматика која ќе биде преведена на англиски и француски јазик...”.<Исто таму...>

Покрај погоре изнесеново, оваа мала француска студија - елаборат за Македонија изобилува со податоци, анализи и оценки за стопанскиот развој на Македонија, за промените во поседовната структура на макеадонското село, односно за аграрните односи во земјоделството - аграрната реформа, задружниот систем, колективизацијата, индустрискиот развој на НР Македонија. Така, што се однесува до прашањето за аграрната реформа, во овој елаборат се нагласува дека при спроведувањето на аграрната реформа, 80.000 ха обработлива земја биле разделени на повеќе од 10.000 селани и сиромашни семејства.<Исто таму...> Посебно внимание по ослободувањето на Македонија од страна на надлежните органи се посветува на развојот на земјоделските задружни кооперации и според овој елаборат се смета дека од 6 земјоделски задруги во 1945 година нивниот број кон крајот на 1951 година пораснал на 970 со преку 60.000 семејства, а според некои извори и 85.000 селски семејства се опфатени во нив, кои обработуваат 307.203 ха обработлива земја, што претставува 55,5% од вкупната обработлива земја во Македонија.<Исто таму...>

Што се однесува до индустријата, во елаборатот се нагласува дека пред војната не постоеше индустрија во вистинска смисла на зборот, освен неколку позначајни фабрики. Бидејќи во иднустриските претпријатија во Југославија Македонија учествуваше со само 2,88%, вредноста на индустриското производство по жител во Македонија изнесуваше само 30 динари во 1939 година, а во Југославија 2.378 динари.<Исто таму...> По војната, инвестициите секоја година се зголемуваа за на крајот од 1951 година тие да се зголемат за 7,8 пати повеќе во однос на 1947 година. Текстилната индустрија, според елаборатот, ги ползуваше сите ресурси во Републиката - волна, памук и свила, и како резултат на тоа оствари извесен напредок. Сите стари фабрики се проширени и се изградени три големи комбинати од кои еден во Тетово за волнени производи со капацитет од 2.200 тони, вториот за свила во Титов Велес со производство и преработка на 100 тони свила годишно и на крајот за памук во Штип со годишно производство и преработка на памук од 5.000 тони. Покрај нив се и фабриките за теписи во Скопје и Лазарополе, а од машинската индустрија познат е металуршкиот комбинат “Тито” во Скопје, како помали фабрики низ Македонија, а посебно оние за преработка на тутун, потоа фабриката за цемент “Усје” во Скопје со 100.000 тони годишно производство, па фабриката за порцелански производи “Титов Велес” и др.<Исто таму...>

Доброволната работа, се нагласува во елаборатот, имаше големо значење во обновата на разрушеното стопанство, а беа организирани бројни акции на обнова на патишта, пруги, исушување на мочурливи региони како на пример, во Струмичко, Скопско и други краеви.*<Види за ова Поопширно кај Лазар Лазаров, Општествено-политичките организации во обновата и изградбаа на НР Макеадонија (1944-1948), Скопје ИНИ, 1979.>

Во врска со образовниот систем во НР Македонија, во овој елаборат се изнесува реална слика за развојот на основното, средното, и високото образование. Така конкретно, за основното образование се соопштува дека во Македонија непосредно по ослободувањето бројот на учениците опфатени во основните училишта изнесуваше 138.390 ученици со кои работеа 2.555 наставници во учебната 1951/52 година, имало 14 гимназии со 15.403 ученици и 448 професори, 13 стручни школи итн. Во рамките на основните училишта 1127 се македонски, 221 шиптарски, 111 турски и 7 српски школи, а од гимназиите 2 се шиптарски, односно албански и наставата во школите за малцинствата се изведува на нивниот мајчин јазик, а на факултетите исклучиво на македонски јазик. Универзитетот во Скопје кој имаше 5 факултети: Филозофски, Медицински, Земјоделски и Шумарски, Технички и Правен факултет со вкупно 3.500 студенти, во однос на единствениот филозофски факулет пред војната со само 163 студенти, значеше осетен напредок.<Исто таму...>

Во областа на културата, информативниот систем и уметничкиот живот, во елаборатот се нагласува дека во Макеоднија по ослободувањето работеа 7 народни театри, а постоеше и еден театар за малцинствата со секција за турски и за албански јазик.<Исто таму...> Покрај тоа, постоеја и фолклорни ансамбли, групи и оркестри. Во областа на информативниот систем се печатеа дневни и периоднични весници и списанија на македонски јазик, како и на јазиците на малцинствата на албански и турски јазик. Слична е состојбата и со радиостаниците и нивната поставеност.<Исто таму...>

Во своите анализи и оценки во елабортот, мошне критички согледувања се изнесуваат за постојниот политички систем во НР Македонија во Југославија воопшто, а посебно за однесувањето на режимот кон слободата и правата на граѓаните: “Политичкиот режим во Македонија е заеднички како и за сите народни републики во југословенската федерација..., тоа е комунистичкиот..., слободата на мислење, слободата на печатот, на работа, на религија... ова прашање е бескорисно да се постави бидејќи реално нема слобода во комунистичкиот режим”.<Исто таму... Archives diplomatique... Nantes... vol. 1. Во елаборатот се поставува прашањето како Македонија се инкорпорира во југословенската федерација и се обидува да се даде објаснување кое накусо се состои во следното: “Оваа земја денес фигурира како држава, нејзината политичка судбина... се' зависи од македонската искреност. Не се гледа многу добро каква би била волјата на Македонците (со исклучок на некои високи раководители)... да се борат против една комунистичка земја која би им ветила ист режим и една автономија со една целосна независност... што се однесува на политиката на владата во однос на Грција, таа е без сомнение проследена со дисциплина, но со тромост и лоша нарав... владејачката власт на пар>

На крајот од оваа мала но интересна и значајна студија е донесен во изведен текст заклучок и воедно се поставува прашање за размисла “Многу е тешко да се зборува за Македонија во која има толку убави работи, но и непријатни... Македонија е република многу различна од Србија, од Хрватска или од Црна Гора...,...голем напредок е остварен во Македонија, но останува уште многу да се направи..., со многу симпатии за оваа земја...”.<Исто таму...>