6. САД и западните земји во создавањето на Балканскиот пакт

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

6. САД и западните земји во создавањето на Балканскиот пакт од 1953 година

Независно од поделбата на сфери на влијанија меѓу големите сили утврдени со договорот од Јалта, САД и Велика Британија кон крајот и непосредно по Втората светска војна прават напори за неутрализирање, па и постапно истиснување на руското влијание во Југославија, Грција и Албанија и Балканот во целина. Во тој сплет на судири на интересите на големите сили за зголемување на нивното влијание на Балканот се вклопуваат и проекциите сврзани за Македонија и макеадонското национално прашање, проблемот за обединување на Македонија и македонскиот народ. Остварувањето на последнава идеја посебно силно е присутно во проекциите на руската надворешна политика, не само кога станува збор за обединувањето на Македонија, туку и во создавањето на јужнословенска Балканска федерација, во која би била вклучена и Албанија како несловенска земја. Со евентуалното остварување на овој руски проект, се создаваше можност за утврдување на советското влијание и контрола над Балканот и Средоземното Море. Оттука и не случајно беше заострено соперништвото меѓу Русија и Велика Британија, сврзано за проширувањето на нивните влијанија во Грција. Отпрвин САД заземаа неутрален став, па дури и ја осудуваа британската воена интервнеција во Грција, се' до моментот кога Советскиот Сојуз во почетокот на 1946 година кон крајот на јануари) го постави прашањето и бараше од Лондон, пред Советот за базбедност на ОН, да се повлечат британските трупи од Грција.< Archives diplomatique... Nantes... Serie, Е, vol. 326. - Предмет: “Грција во борбата меѓу Русија и Англија” - Извештај на францускиот амбасадор во Атина Де Во Сен Кир, 4 февруари 1946 година, упатен до Француското министерство за надворешни работи - Париз.> Ова барање на Советскиот Сојуз за повлекување на британските трупи од Грција, според француската дипломатија, не е неважно да се потсети дека оваа постапка се следи низ долготрајната борба меѓу Англија и Русија...,... многу настани од минатото во историјата го расветлуваа тоа...”.<Исто таму...> Непосредно по ова руско барање пред Советот за безбедност, САД зазеде цврст и решителен став, не само во поддршкаа на Велика Британија туку и во поактивно вклучување во спречувањето на продирањето и зацврстувањето на советското влијание на Балканот. Така, неодржлива е тезата во научната мисла дека доаѓањето и присуството на САД во Грција е само резултат на барањето на Велика Британија, САД да ја заменат британската со американска интервенција во Граѓанската војна во Грција.

САД поактивно ќе се вклучат и ќе настојуваат не само да го прошират и зацврстат своето влијание во Грција, туку и на Балканот пошироко. Погодна можност за остварување на оваа американска проекција настанува по судирот на Југославија со Советскиот Сојуз, по Резолуцијата на Информбирото од 1948 година, кога доаѓа до раскинување на сите југословенско-руски односи и врски и се отвораат реални можности и перспективи за конкретни ангажирања на САД за зацврстување на нејзиното влијание и престиж на Балканот. Југославија, по Резолуцијата на информбирото, притисната и целосно изолирана од Советскиот Сојуз и источните социјалистички земји, бара излез и е принудена да се ориентира кон западните земји за економска и воена помош, и потпишува конкретни договори за воена и економска соработка со САД, Франција, Англија и други капиталистички земји. Не случајно се нуди американскиот предлог-проект до Грција и Југославија од првата половина на 1949 година за меѓусебна поделба на Албанија меѓу овие две балкански земји, со цел да го истиснат руското влијание на Балканот, бидејќи Албанија се сметаше за руска воена база и упориште на Балканот.

Оваа американска идеја и практично е реализирана под формата на балканско пријателство и соработка и, според извори од француска дипломатска провиненција, трите здружени балкански земји се “решени да ги обединат нивните сили за поефикасна организација на нивната одбрана против секоја надорешна агресија и да работат по сите прашања од заеднички интерес, а посебно на прашањата што се однесуваат на нивната одбрана се обврзуват потписничките дражви да се состануваат еднаш годишно и ако е потребно и почесто...”.< Archives diplomatique... Nantes... Serie, Е, vol. 3. - Предмет: Интегрален текст од договорот за пријателство и соработка меѓу Грција, Турција и Југославија од 28 февруари 1953 година потпишан во Анкара-Турција.> Од југословенска страна, овој Балкански пакт за пријателство и соработка меѓу Грција, Турција и Југославија склучен на 28 февруари 1953 година го потпиша сојузниот секретар за надворешни работи на југославија Коча Поповиќ. Создавањетона овој Балкански пакт меѓу Југославија, Грција и Турција не е случаен и за неговата ориентација и подготвеност југославија преку нејзиниот претседател Јосип Броз Тито, според француски дипломатски извори, дал согласност уште од 1951 година.< Archives diplomatique... Paris, serie З, Europe, Sous-serie, Yougoslavie... vol. 113 - предмет: Балканскиот пакт - Тито изрази готовност за формирање на Балканскиот пакт со Турција и Грција, 5 септември 1951 година -Извештај на францускиот дипломатски претставник во Букурешт.>

Впрочем, тоа го потврдуваат и извештаите на француските амабасадори во САД - Анри Боне и во Турција - Ардуин, потоа чии изјави се цитирани од француските дипломати, генерал Ханди, какои францускиот амбасадор во Белград Бодет и други француски дипломатски извори.

Особено треба да се нагласи дека во стратешкиот одбранбен план на овој Балкански пакт посебно внимание се обрнува за “обезбедување и заштита на Вардарската долина до Солун”, што е запишано и во документите кои произлегуваат од меѓусебните воени договори меѓу трите земји потписнички на Балканскиот пакт - Грција, Турција и Југославија.<Исто таму...> овој Балкански пакт за југословенско-грчко-турско пријателство, соработка и одбранбен сојуз, потпишан на 28 февруари 1953 година во Анкара - Турција, практично претставуваше воен сојуз и истурено воено крило на НАТО за одбрана на Балканот од советскиот пробив во југлисточна Европа и Седоземноморието. Меѓутоа, непосредно по смртта на Сталин во март 1953 година, според француски дипломатски извори од средината и втората половина на 1953 година и потоа, сред југословенските раководни структури на чело со Ј. Б. Тито, се чувствуваше и имаше обиди за приближување на Југославија кон источните социјалистички земји.<Исто таму... Paris... sous-serie, Yougoslavie, vol. 28 - предмет: “Влегување на Југославија во НАТО” - Париз, 15 јуни 1955 година.>

Според истите извори, како поткрепа на југословенското приближување кон Исток се наведува потпишувањето на трговскиот договор на Југославија со Чехословачка, Унгарија и Романија, а посебно тоа се согледувало низ говорот на Јосип Броз Тито во Истра во јуни 1953 година, каде во врска со Балканскиот пакт Тито изнел дека “Југославија не прави ништо да го ослабне Балканскиот пакт како моќна тврдина на мирот и дека Аталантскиот пакт не и' е потребен на Југославија, но со него може да се зближуваме - имаме декларација за борба против агресија, но нема никогаш да се врзуваме во светот...”.<Исто таму... сигн. 28...> Ваквите изјави на првиот човек на Југославија - Јосип Броз Тито, француската дипломатија ги анализиа и оценува како биди на Југославија за постепено оддалечување од балканскиот воен сојуз меѓу трите земји потписнички, што практично се покажа и потврди во наредните години, кога југословенското раководство ја оддалечуваше Југославија во својата надворешна политика и тргна по пат за нејзино неврзување ниту кон Исток ниту кон Запад, туку започна да води една мирољубива политика на неврзаност, односно се појави како иницијатор и носител во создавањето на една нова активна политика на движењето за неврзаност како трет неутрален блок кон кој постепено се приклучуваа многу земји од светот.