4. Македонија на Париската мировна конференција и по неа
4. Македонија на Париската мировна конференција и по неа
По својот начин на решавање во текот на мировните преговори и договори Париската мировна конференција од 1946 година формално-правно според зацртаните концепции може да се окарактеризира како прва од ваков вид во однос на сите претходни мировни конференции. Поконкретно, последната во споредба со онаа од крајот на Првата светска војна, во својата поставеност на предвидените начини на решавањето на посавените прашања носеше извесни коренити историски промени. За тоа влијаеја повеќе околности меѓу кои: 1) карактерот на самата Втора светска војна - антифашистички; имено токму таа праведна војна што ја водеше поголемиот дел од земјите во светот придонесе, во крајна линија, да се формира единствен антихитлеровски фронт со основна цел: да се уништи фашизмот и да се создадат услови за мир и непречен прогрес на човештвото, и 2) за создавањетона таа антихитлеровска коалиција директно повлијаеја прогресивните принципи содржани во Атланската повелба, од летото 1941 година, во која меѓу другото се истакнува дека по војната сите народи во светот ќе имаат право на слободен и независен живот и да изберат таква форма на општествнео уредување, каква што тие ќе посакаат.<Les principes dans la Charte Aglantique-Direction de la documentation francaise. Recueril des documents de la Converence de Paris, Livre V, п. 446.> Така, поради наведениве, а и други слични околности, се овозможи кон средината на Втората светска војна да се изгради еден курс кој ќе послужи како солидна основа и гаранција за послевоеното организирање на демократскиот мир во светот. Во духот на овие поставки и цели беше организирана и одржана Потсдамската конференција од 17 до 26 јули и од 28 јули до 2 август 1945 година,<Владимир Дедијер, Југославија од Версаља до Париза, Београд, 1947, с. 2-3.> но до која степен таа го оправда тоа, тоа е друго прашање, кое бара посебно и поопстојно проучување.
Ова беше всушност конференција на Советот на министрите за надворешни работи на петте големи сили и на неа беше донесено решение за подготвување на проект-договорите и преговорите со сојузниците на Хитлер, што требаше да послужи како основна дискусија на пленарната Мировна конференција во Париз, за организација на повоениот мир и безбедност во светот. Едвард Кардељ (именуван од југословенското државнопартиско раководство за шеф на југословенската делегација на сите меѓународни преговори по 1945 год.) смета дека: “Всушност, тоа и не беа некакви преговори, големите сили (СССР, САД и В. Британија, Франција и Кина - б.м.) самите меѓусебно се беа договориле за формирање на Советот на министрите, а без претходно да се договорат за тоа со другите земји (на конференцијата во Париз беа претставници од 21 земја - б.м.). Според тој договор (Потсдамскиот - б.м.), самотие држави имаа право да решаваат, а сите други учеснички во војната, односно антихитлеровската коалиција, имаат право пред Советот на министрите само да го изнесат своето мислење и да ги постават своите барања...”.<Едвард Кардељ, Мировните преговори, Како се решаваше... Сеќавања, Комунист, Мисла, Скопје, 1980, с. 95.> Така, во практиката уште есента истата година, кај Советот на министрите на големите сили, на заседанието во Лондон, дојдоа до израз стремежите за ослободување на неговите обврски од Втората светска војна, прокламирани во Атланската повелба. Тоа особено беше присутно кај англо-американските претставници во Советот во врска со подготвувањето на мировните договори во Романија, Унгарија, Бугарија, Италија и Финска, но сето тоа беше коригирано во извесна смисла и беше утврден системот на мировните договори со споменатите пет земји сојузнички на Хитлер.
Според решенијата на Московската конференција, Париската мировна конференција беше предвидена да се одржи во мај 1946 година.<Direction de la documentation francaise. Recueil des documents de la Converence de Paris, Livre, III, p. 174.> На Конференцијата во Москва од 16 до 26 декември 1945 година учествуваа министрите за надворешни работи на трите големи сили: Соединетите Американски Држави, Велика Британија и СССР. Беше постигната согласност во врска со подготвувањето на мировните договори со наведените пет земји - Хитлерови сојузнички во Втората светска војна. Според препораките на Комисијаа беше изграден став за гласање при донесувањето одлуки, <Исто таму... с. 174-183.130>
Што се однесува поконкретно до самата Париска мировна конференција (од 29 јули до 15 октомври 1946 година), уште пред нејзиното одржување беа изграднеи некои основни принципи од процедурален карактер за нејзиниот начин и ток на работа. Според нив, Пленарнаа конференција ја сочинуваа претставници од 21 држава на чело со шефовите на нивната делегација. Секоја од овие комисии беше составена од претставници на државите учеснички во Советот, кои ги подготвуваа проектите од договорите на членките учеснички од страната на Хитлерова Германија. Од двете економски комисии, едната се занимаваше со економските и финансиските прашања од договорот за Италија, а другата беше задолжена да ги испитува економско-финансиските проблеми на договорите со Романија, Бугарија, Унгарија и Финска. Покрај 132 создадена и воена комисија, со задача да ги проучува воено-поморските и воздушните прашања од договорите со петте наведени земји.<Исто таму...>