3. Првиот петгодишен план за развојот на Македонија

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

3. ПРВИОТ ПЕТГОДИШЕН ПЛАН ЗА РАЗВОЈОТ НА МАКЕДОНИЈА

Гледано во југословенски рамки, Македонија, Црна Гора и Косово беа најнеразвиени подрачја во економски поглед. Македонската индустрија кон крајот на Втората светска војна располагаше само со 84 индустриски претпријатија, кои при нормално користење на производните капацитети беа во состојба да вработат само во просек по 1300 па околу 2300 работници, што како податок говори за занаетчиско-мануфактурниот карактер на македонската индустрија.<Извештај за состојбата на индустријата во Македонија - Лазар Лазаров, општествнео-економскиот развој на НР Македонија... цит. д. с. 162-175.>

Според француски извори, во 1939 година, непосредно пред Втората светска војна, 21,3% од населението во Македонија живееше во градовите, а другото и побројно население беше во селата, додека борјот на индустриските работници изнесуваше 12.920.< Archives diplomatique... Nantes, Fond, Etat General des fonds... serie, Скопје, vol. 1. >

Индустрискиот развој во Македонија може официјално да се сврзе со годините по Народноослободителната војна. Природните ресурси во Македонија условија можности за развој на преработувачките дејности и енергетика. Меѓутоа, треба да се има предвид дека индустријализацијата во НР Македонија започнува под релативно неповолни околности - ниска материјална основа, недостиг на стручни кадри и особено високостручни, и др. Во периодот 1944/1947 година се одвиваше процесот на обновата на стопанството. Со завршувањето на овој процес се создаваат основните предуслови за пристапување кон поинтензивна индустријализација на земјата.

Карактеристично за третираниот период од изградбата на НР Македонија до 1956 година е дека се разликуваат три развојни фази: првата, започнува со победата на НОВ и ослободувањето на земјата 1944-1949 година, таа се карактеризира со забрзана обнова на разурнатите и со изградба на нови индустриски капацитети; втората, го опфаќа периодот 1949-1953 година и се одликува со извесна стагнација на започнатиот процес на индустријализација во земјата, настаната поради политичко-економската изолација на Југославија по донесувањето на Резолуцијата на Информбирото од јуни 1948 година од страна на социјалистичките земји, на чело со Советскиот Сојуз; третата фаза, која започнува во 1954 година па наваму се карактеризира со повторно оживување и уште позасилено динамизирање на индустрискиот и воопшто целокупниот развој на земјата.

Непосредно по ослободувањето на Македонија, основната ориентација на стопанскиот развој во основа се состоеше во интензивирање на индустријализацијата на земјата. За ваквото насочување се доаѓаше од повеќе аспекти меѓу кои: прво со индустријализација на Македонија се создаваше можност за зголемување на националниот доход, второ, осетно се развиваат производните сили, трето, се подобрува економската структура на земјата, четврто, се подобрува структурата на надворешната трговија, петто, се вработува поголем дел од населението, шесто, се менува социјално-економската структура на населението, седмо, се подобрува и зголемува животниот стандард и се појавија многу други поволности.

За разлика од другите стопански дејности, индустријализацијата има најголема улога во порастот на националниот доход, бидејќи продуктивноста на трудот е највисока во индустријата и таа е најакумулативна дејност. Со развојот на индустријата се овозможува понагласено ангажирање во неа на голем дел од населението, со што се влијае врз ублажувањето на аграрната пренаселеност во Македонија, будејќи дел од малкуимотното и безимотното селско население преминува во градовите како индустриски работници. Посебно за македонското подрачје, индустријализацијата имаше големо значење.<Одразот на Резолуцијата на Информбирото врз реализација на Петгодишниот план за стопанскиот равој на Македонија - Лазар Лазаров, Општественоекономскиот развој... цит. дело, с. 248-263.>

Во настанатите радикални промени, на политички и економски план, во процесот на обновата, преку донесување и спроведување на конфискацијата, експпропријацијата, аграрната реформа, национализацијата и други законски и политичко-економски и системски решенија и мерки, се создадоа објективни зрели услови за систематски премин кон една повисока фаза - изградбата, во лицето на Првиот петгодишен план, донесен на 26 април 1947 година.<Закон за Петгодишниот план на ФНРЈ и народните републики... цит. дело... с. 9.> Пред да се донесе и усвои Првиот петгодишен план, за поуспешно одвивање на процесот за изградбата на земјата - на седницата на ЦК КПЈ од септември 1946 година - беше донесена одлука да се изврши централизација на сите банки во две главни: Народна банка - за краткорочни кредити и Инвестициона банка - за долгорочни кредити. Покрај тоа, на оваа седница се донесе одлука “да се извршат подготовки за национализација на крупните приватни стопански претпријатија, што треба да се спроведе на Првото заседание на Народната скупштина... да се воведат главни управи како организациони форми за раководење на стопанството...”.

Непосредно по оваа седница, во декември 1946 година, ЦК на КПЈ во врска со планскито стопанство одржува специјална седница на која е изнесен проект-буџетот за 1947 година за пристапување кон планско стопанисување. На оваа седница на ЦК КПЈ е изнесен предлог-распоредот за вкупната сума на приходи (60 милијарди и 937 милиони динари) од сојузни и републички инвестиции и наедно е заклучено да се започне со истакнување на дефинитивниот проект на Петгодишниот и Едногодишниот план така што во Скупштината прво да се прими планот, па тогаш буџетот. Нагласено е при распределбата на инвестициите да се води сметка за економски послабите републики.<Архив на ЦК СКЈ; Београд, фонд ЦК СКЈ, сигн. III /21 - записник са седнице ЦК КПЈ..; Лазар Лазаров, Општествено-економскиот развој. цит. д... с. 9.>

Инаку, Првиот петгодишен план меѓу основните задачи што ги поставуваше, како приоритетни беа: 1) отстранување на стопанската и техничката назадност на земјата, односно унапредување на земјоделското стопанство, извршување на интензивна индустријализација и електрификација на Македонија или, накусо речено, ликвидирање на со векови наследената полуколонијална состојба на земјата, со што практично би се осигурала економска, а со тоа и политичка независност на Македонија и Југославија во целина, 2) развивање на тешката индустрија, како база за унапредување на средната и лесната индустрија; 3) изградување и развивање на социјалистичкиот сектор во стопанството, преку рационално искористување на псотојните потенцијални можности во стопанството; 4) примена на нови стимулативни форми и методи во производството како; рационализаторство, новаторство и наградување според способностите и резултатите во работата и друго. Сите погоре наведени елементи што ги содржеше планот претставуваа основен предуслов за подигнување на повисок степен на општата благосостојба во земјата. Меѓутоа, во текот на спроведувањето на Петгодишниот план, се сметаше на полна соработка и помош од СССР и од другите источноевропски социјалистички земји. Посебен проблем во неговото спроведување претставуваше недостигот на стручни кадри, финансиски средства, а особено наследената стопанско-техничка заостанатост. Поради тоа, на преден план пред работните луѓе беше поставено прашањето за излегување од заостанатоста, што како основна задача беше опфатена и со Петгодишниот план.

Во спроведувањето на Петгодишниот план се наиде на сериозни тешкотии што настанаа како резултат на новите околности, по донесената Резолуција на Информбирото, а пред се' поради економско-политичката блокада на југославија од СССР и другите источноевропски социјалистички земји што доведе до преориентација на југословенската надворешна трговија и барање на нови пазари.

Франција преку своите експерти со интерес и внимание го следела донесувањето на Првиот петгодишен план и ги анализира причините за неговото неисполнување, наведувајќи ги меѓу другите причини и откажувањето на помошта од Советскиот Сојуз и источните земји на Македонија и Југославија во целина, но наведуваат и други фактори за неисполнувањето - ниската материјална основа, последиците од окупацијата од Втората светска војна, а посебно големите разурнувања, но не го изоставува и најважното, а тоа е нереалното планирање и претенциозност на Петгодишниот план.< Archives diplomatique... Nantes... vol. 9. >

Уште пред донесувањето на споменатата Резолуција, во март 1948 година, на седница на ЦК НА КПЈ беше посветено посебно внимание на економско-политичките односи со СССР и на остварувањето на Петгодишниот план во Југославија. Според становиштето на Јосоп Борз Тито: “Договорот е раскинат (меѓу Југославија и СССР - б.м.) заради економскиот притисок. Независноста е поважна...”.<Архив на ЦК на СКЈ, Београд, фонд, Пленумски материјали. Сигн. ЦК на СКЈ- III /32. Седница ЦК КПЈ 1. 03. 1948; Лазар Лазаров, Реализација на Петгодишниот план (1947-1952) за стопанскиот развој на НР Македонија во периодот од 1947 до 1957. Сп. Историја, 1983/2, с. 255-268.>

Овој проблем беше од сериозна природа ако се има предвид фактот дека обемот на стоковната размена со Советскиот Сојуз и источните социјалистички земји изнесуваше половина од целокупната југословенска размена со странство. Покрај тоа, треба да се подвлече дека извршувањето на планот во многу зависеше од неговото поставување на реални основи. Покрај претенциозноста на планот и нереалното согледување за вистинските можности, француските аналитичари укажуваат и на материјалните можности и мотивираноста на работната сила во поглед на награденоста низ платниот систем, како значајни фактори во остварувањето на планот: “со започнувањето на примената на Петгодишниот план во 1947 година работниците на норма или парче беа подобро плаќани, како мерка за зголемување на производноста, но веќе во 1948 година еланот за работа кој беше забележан во периодот на обновата, сега започна да опаѓа брзо...”.< Archives diplomatique... Nantes... vol. 9... - белешки и документарни студии...>

Поради настанатата ситуација, по донесувањето на Резолуцијата на Информбирото било неопходно да се направи корекција на македонскиот и на југословенскиот Петгодишен план во правец на смалување на предвидените инвестициони вложувања. Дел од средствата мораа да се преориентираат во јакнењето на одбранбената способност на земјата. Макар што индустријата во НР Македонија во повоениот развиток постигна значаен квантитатив