Прејди на содржината

2. Положбата и националните права на Македонците во Егејска Македонија

Од Wikibooks

2. Положбата и националните права на Македонците во Егејска Македонија

Уште во текот на Втората светска војна, во првите години од окупацијата на Грција од страна на германските и бугарските окупаторски сили, политичко-економската, а посебно социјалната криза се заострува а во 1943 година: “...една ужасна состојба постои сега во Грција”,<Archives militari... Vincenne-Paris, vol. 4 Н 388. - Извештај од 5. 05. 1943 година.> додека во наредната 1944 година таа достигнува кулминација кога: “...100.000 деца под 16-годишна возраст се умрени од глад за време на германската окупација... 1.200 села се срамнети со земја”.<Исто таму... Извештај од ноември 1944 година под наслов “Ситуацијата на населението во Грција.> За ваквата состојба, покрај последиците од окупаторите, за виновници се посочуваат Британците и нивната интервенција во Грција зашто “...Американците се неутрални и не ја поддржуваат британската интервенција во Грција..., кај Грците, посебно кај лево ориентираните сили, постои омраза кон Британците, а се наклонети кон Русите”.<Исто таму... Извештај бр. 103 - грчка криза.> Вакви слични француски согледувања и оценки за состојбата во Грција, а посебно за северниот дел, односно Егејска Македонија, се изнесуваат и за 1945/46 година, а од нив посебно ја издвојуваме анализата и оценката на францускиот амбасадор во Грција Де Во Сен Кир од ноември 1945 година, при што се истакнува дека: “Анархијата, граѓанската војна и странската интервнеција ја нарушија состојбата во Грција по ослободувањето”.<Archives diplomatique... Nantes, Fond, Constantinopole, serie, Е, vol. 326.> Ваквата анархична состојба во Грција, вели францускиот амбасадор во Атина во својот извештај од 4 февруари 1946 година, ја користат Русите како изговор за да “...бараат од Лондон, пред Советот за безбедност на ОН, да ги повлече британските трупи од Грција, не е неважно да се потсети дека оваа постапка се следи низ долготрајната борба меѓу Англија и Русија...”.<Исто таму... францускиот амбасадор во Грција... Февруари 1946 год. предмет. Грција во борбата меѓу Русија и Англија.>

Со цел да го изменат етничкиот состав на населението во Егејска Македонија, непосрендо по Втората светска војна, грчките власти пристапија кон терор, прогони и физичко истребување на македонското население. Носител и организатор на овие прогони беше официјалната грчка власт. Така, голем дел од македонското население е убиено, а уште поголем дел за да го спаси својот гол живот е принуден да ги напушти своите огништа и да пребегне во Југославија, Бугарија и во други европски и прекуокеански земји. Димензијата на теророт што го спроведуваа грчките власти мошне сликовито е изнесена во експозето на украинскиот делегат на Париската мировна конференција Мануилски, кое беше поднесено на 24-тата пленарна седница на конференцијата во август 1946 година. “Сметаме: меѓу другото, дека жртви на прогоните во Грција се албанското, бугарското и македонското малцинство. Сега илјадници лица, стравувајќи од истребување..., бараат засолниште во Албанија, Бугарија и Југославија. Нема сомневање дека оживувањето на старите расни ривалства на Балканот ќе доведе во овој регион закана, да се трансформира Балканот во едно жариште и да ја комплицира меѓународната ситуација...”.<Direction de la documentation francise Recueil des documents de la Conference de Paris 29 juillet 15 octobre, 1946, Comte rendu Stenographique des vingt-troisieme et vingt-quatrieme, Séance pleniers tenuel le jeudi, 22 aout 1946. Expoce de M. Manuilski (Ukraine).>

Состојбата во Егејска Македонија осетно внимателно е насликана согледувањата на францускиот генерален конзул во Солун Жерар Раул Дувал, а неговите извештаи испратени до француската влада на 26 септември 1945 година: “Внатрешната ситуација во Македонија”, на 3 октомври 1945: “Грчко-југословенските односи” на 7 јуни 1946 година: “обавено патување во Македонија” заслужуваат наше поголемо внимание.<Archives diplomatique du Ministere des affaries etrangeres. Paris Serie З, Europe, sous-serie, Ла Ѕугославие, vol. 31. Consulat general de France а Saloniquie. Gerard Raoul-Duval, consul general de France а Saloniquie а M. George Badault Ministre des affaires strangeres, Paris, 7. ВИ, 1946, Saloniquie, Objet, Vosage effectue en Macedoine... (обавено патување во Македонија).> во првиот извештај кој ја анализира положбата на Македонците и свирепиот однос кон нив од страна на грчките власти: “постојат немири во Централна и Источна Македонија... посебно во регионот на Лерин и Костур... на слободната територија на овие словенски населени места се применувани брутални репресалии од страна на грчките власти... постои загриженост кај Британците за натамошниот развој на оваа конфузна ситуација...”.<Исто таму... сигн. 33.> во вториот извештај од 3 октомври 1945 година тој го изнесува југословенскиот став низ искажувањето на југословенскиот генерален конзул во Солун за неопходноста од воспоставување на најдобри односи со соседите преку “создавање на независна голема Македонија... и напуштање на Грција од страна на Британците”,<Исто таму...> додека во третиот извештај од 7 јули 1946 година по штотуку обавеното патување во Северозападна Македонија вели дека општата ситуација во ништо не се подобрила во регионот кад епосебно е чувствително во Лерин и Костур. Атмосферата во оваа погранична зона постојано е многу напната (на југословенско-грчката граница, б.м.). Сепак, општата ситуација е далеку од можноста да се подобри по општите избори... по доаѓањето на власт на монархофашистичката влада, акциите на автономистите и македонските комунисти, имаат однадвор значителна помош. Седиштето на организацијата на НОФ се наоѓа во Скопје, на југословенска територија... по се' ми се чини дека пропагандата на НОФ на Славофоните е остварување на идејата за автономна Македонија, а југословенската влада ја контролира оваа организација и ја гледа грчка Македонија како сопствен дел на југословенскаа територија...”.<Исто таму... сигн. 33 и 31.>

Според 15-дневниот комбиниран извештај на Интелиџенс сервис за Грција од 19. III. 1947 година за ситуацијаа во грчка Македонија”... нема докази дека се изменува состојбата, која ја држат партизаните и да се стави контрола во западните области”.<Исто таму... Државни архив Секретаријата за иностране послове (ДАСИП) Белград, фасц. 98.> Според комбинираниот извештај на Интелиџенс сервис, покрај другото, не се изостава или не се премолчува реалноста за теророт и репресалиите што ги спроведуваше над незаштитеното македонско население.

Во овој период, поради својата немоќ британското влијание во Грција, посебно во годините 1946/47 почнуваат да го истиснуваат поточно го заменуваат Американците: “САД го зазеде местото на Велика Британија во Грција”.<Архив на Македонија, Фонд, Грција, к-3/57. “Комбиниран 15-дневен извештај на Интелиџенс сервис за Грција од 19. III. 1947 година се изнесува ситуацијата во Северна Грција (Егејска Македонија) за профашистичкиот карактер на грчката влада за репресалиите и дека власта ја држат партизаните во грчка Македонија.> Имено, во текот на јануари 1947 година во Грција доаѓа американска мисија на чело со Пол Портери со задача да ја проучи ситуацијата во Грција и да предложи мерки што треба да ги преземе САД. На 12.III.1947 година претседателот на САД Труман ги изнесе барањата за помош на Грција, а потоа уследи потпишување на договорот за помош на Грција на 22 мај 1947 година.<Исто таму.>

Политиката на терор и прогони над незаштитеното македонско население што го спроведуваше монархофашистичкиот режим во Грција, наиде на остра осуда сред светската и македонската јавност, преку манифестации во дневниот печат, потоа преку испраќање на резолуции и меморандуми до ООН, во кои се бара преземање на соодветни мерки (резолуции на НОВ на Макеоднија, синдикатот, и др. организации), а од Егејска Македонија од септември 1953 година од страна на македонската организација “Илинден” бил испратен апел потпишан од 250.000 Македонци до ООН, во кои се барало “да се прекинат прогоните, а на македонскиот народ да му се врати конфискуваниот имот и да им се обезбеди употребата на мајчиниот јазик како и полна национална рамноправност.<Меѓу југословенскиот печат би го издвоиле и весникот “Политика” од 7.VIII.1946 година и другиот печат од југословенските републики.>

Интересни согледувања и оценки во врска со донесениот грчки закон од летото 1953 година според кој се конфискува сиот недвижен имот на пребеганите Македонци од Грција за време на Граѓанската војна, изнесува францускиот амбасадор во Белград од септември 1953 година: “Овој закон е една дискриминаторска мерка во поглед на ова малцинство - лишените Македонци и нивните фамилии беа принудени да ги напуштат своите огништа за да најдат прибежиште во Југославија... со цел да ја изменат етничката структура на населението од Северна Грција... овој Закон е во контрадикција со грчкиот устав кој забранува целосна конфискација на приватната сопственост без надомест и без легална процедура. Добро информираните лица имаат впечаток дека овој закон (за конфискација б.м.) го санкционира неправедното држење кон словенското население од Северна Грција... кое е без основни национални права и без права да го употребува македонскиот јазик...<Арцхивес... sous-serie ла Yougoslavie, vol. 133, 19. 02. 1949, Paris..>

Што се однесува до конкретното ангажирање и односот на југословенското државнопартиско раководство кон остварувањето и заштитата на националните права на Македонците надвор од поранешната Југославија, при крајот, а посебно по Втората светска војна, може накусо да се оценат како недоволни, па дури во одделни временски интервали се одбегнуваше воопшто да се иницира и поставува македонското прашање се' со цел да не ги наруши добрите југословенско-грчки односи. Па дури и на Парискаа мировна конференција од 1946 година југословенската делегација не го постави ова прашање како одделен национален проблем, туку за него се расправаше само во склопот на југословенско-грчките и југословенско-бугарските територијални разграничувања. Меѓутоа, развојот и разгорот на Граѓанската војна во Грција, а посебно прифаќањето на дел од македонските бегалци и воспоставените врски со Македонија, имаа влијание и одраз кај југословенското раководство да поведе поголема грижа, да го потпомогне македонското ослободително движење во Егејска Македонија. Тоа го илустрираат и потврдуваат изворните материјали од домашно а посебно од странско потекло. Така, официјалните француски извори од Париз од 19 февруари 1943 година, заведени со ознака “тајно Грција”, укажуваат на тајно потпишан договор помеѓу Титои генерал Маркос од 1 јуни 1948 година. “Се знае дека Маркос никогаш не сакаше да отстапи еден дел од грчката територија, но на 25 јули 1948 година информацијата беше потврдена од Асошиетед-прес, според која Маркос веќе потпишал Таен договор со Тито (на 1 јуни 1948 година - б.м.). Наводно со овој договор, Маркос се согласил со обединување кон Југославија на трите грчки области - Флорина, (Лерин, б.м.), Косторија (Костур, б.м.) и Едеса (Воден, б.м.)”

Секако поради овој договор, меѓу другото, генерал Маркос бил отстранет од ЦК на КПГ и до функцијата претседател на Привремената демократска влада на Грција а по директива на Никос Захаријадис - генерален секретар на ЦК на КПГ. Подоцна Маркос бил испратен во советските логори.

Меѓутоа, овие два француски документи коишто укажуваат на склучување на таен “Договор” за отстапување на споменатите територии (на трите области - Леринска, Костурска и Воденска), а во замена за помош од југословенска страна со наоружување за 30.000 луѓе и друга помош на Демократското движење во Грција, треба да се земат со резерва, бидејќи се работи за една раководна личност (ген. Маркос) која наводно отстапила територии со таен договор, без да го консултира и да добие согласност од надлежното раководство. Не без оглед на тоа, постојат повеќе официјални кореспонденции на релација Вашингтон-Лондон-Париз-Белград-Атина-Софија, меѓу кои би издвоиле една која се однесува на “тајните преговори меѓу маршал Тито и САД по донесувањето на Резолуцијата на Информбирото од 5 јули 1948 година.<Исто таму... сигн. 22.> Овие официјални кореспонденции на погоре наведените релации се однесуваат на повеќе прашања и тоа. “на Мировниот договор со Италија, Прашањето за Трст, а посебно за Македонија, Балканската федерација, Планот на Маршалот...”<Исто таму.> Овие прашања се во центарот на интересот и во нив се испреплетени и интересите на Запад и југословенските интереси.

Независно од стремежите и желбите на македонскито народ за извојување на своите национални права и за заедничко живеење во една обединета Македонија, треба да се согледа и земе во вид сплетот на меѓународните околности како фактор. Имено, настаните што уследија по донесувањето на Резолуцијата на Информбирото од јуни 1948 година оставија силен печат и мошне негатиавно се одразија врз остварувањето на стремежите на македонскито народ, неговото обединување и конституирање во една самостојна македонска држава или во рамките на една југословенска или балканска федерација. Така, ако се проследи и проучи основнаа документација од домашно и странско потекло, ќе се согледа осетна промена во курсот на тогашното југословенско државнопартиско раководство, па дури во одредени временски интеравали, како на пр. пред и по потпишувањето на Балканскиот пакт, од 28 февруари 1953 година е присутно напуштање и целосно одбегнување на ова прашање, дури воопшто да се споменува присуството на Македонци и македонски народ надвор од Југославија, а камо ли тоа да се застапува за нивна заштита и обединување. Првите зачетоци на ваките промени доаѓаат до израз уште во 1949 година, ги има во наредната 1950 и потоа. Тоа впрочем е толку видливо разграничено, како што уочуваат странските дипломатски претставници од балканските земји, меѓу кои француските амбасадори Де Во Сент Кир во Атина и во Белград Филип Бодет. Имено, првиот нагласува дека Тито во 1949 година во југословенско-грчките односи им придава посебно значење, подвлекувајќи дека “Владата на Тито нагло го поставува прашањето за заштита на макеадонското малцинство”,<Исто таму..., сигн. 132. Амбасада на Франција во Грција, 4. 07. 1950. Де Во Сент Кир, амбасадор на Франција во Грција, до своето височество Г. Р. Шуман, министер за надворешни работи - Париз, предмет: Грција и Југославија.> а вториот во својот извештај од 13 февруари 1951 година укажува на промените во ставовите на југословенското раководство. “Ако на 2 август 1949 година маршал Тито се уште се застапуваше за обединување на македонскиот народ кон Р. Македонија, приклучена кон Социјалистичка Југославија, на 12 октомври 1950 година органите на Партијата (КПЈ - б.м.) ги изразуваа нивните ограничувања на барањата едноставно сведени на национални права за словеномакедонското мацинство во Грција...”.<Исто таму... сигн. 132... Француска амбасада во Белград, Филип Бодет, амбасадор на Франција во Југославија, до својата екселенција Г. Р. Шуман, министер за надворешни работи - Париз. Белград, 13. 02. 1951, п?едмет. Извештај за односите меѓу Југославија и Грција.>

Иако овие негативни промени во курсот на југословенското раководство кон грижата за Македонците што живееја надвор од тогашна Југославија се' повеќе доаѓаат до израз во наредните години, сепак суштествнео е да се подвлече дека во дипломатските извештаи на француските претставници од балканските земји не можело да се негира или заобиколи реалноста на вистинските состојби. Имено, и францускиот козул во Скопје Жан Парментјер во својот извештај под наслов “Грчко-македонски односи” од 27 февруари 1952 година заклучува и порачува дека грчкиот печат и грчкиот крал добро знаат дека Македонците “треба да се здобијат со елементарни права на национално малцинство”, затоа што Македонците не се Срби или Хрвати. За ова “Етнос” (весник што излегува во Грција - б.м.) великодушно пишува дека грчкаа влада треба да ги усогласи националните права...”<Исто аму... сигн. 132. Француски конзулат во Скопје, 27. 02. 1952. предмет. Грчко-македонските односи. Жан Парментиер, Француски конзул во Скопје, до својата екселенција Роберт Шуман, министер за надворешни работи.> При посетата на југословенската парламентарна делегација на Атина, во септември 1952 година, кога еден грчки новинар го прашал Моша Пијаде што мисли “За македонското прашање”, одговорот според францускиот амбасадор во Атина Жан Бален бил следниот: “Грчката влада е сама надлежна да просуди дека тоа (македонското прашање, б.м.) воопшто е едно чисто внатрешно прашање и секоја влада треба да го регулира според своите проценки... Оваа изјава во грчкиот печат е сфатена како престанување на Белград да се интересира за македонското прашање во меѓусебните односи”.<Исто таму... Sous-serie ла Грееце, vol. 133, француска амбасада во Атина, 18. 09. 1952, Жан Бален, француска амбасада во Грција, до својата екселенција Роберт Шуман - министер за надворешни работи - Париз. Предмет. Грчко-југословенските односи и македонскиот проблем.>

Слични вакви согледувања и оценкки можат да се извлечат и од средбата на грчкиот министер за надворешни работи Стефанопулос со Лазар Колишевски и други личности од тогашното македонско раководство во Скопје, одржана во почетокот на февруари 1953 година, кога по оваа средба Стефанопулос, според францускиот конзул во Скопје Морис Мишелот, им изјавил на новинарите дека: “при разговорите со македонските високи личности е употребувано само југословенски народ и Југославија, а во ниеден момент не е употребен Македонец и не е зборувано за народ македонски”<Исто таму..., француски конзулат во Скопје, 3. 02. 1953. Морис Мишелот, француски конзул во Скопје до својата екселенција Г. Филип Бодет, француски амбасадор во Југославија, Белград, предмет: Поминување низ Скопје на минитерот за надворешни работи на Грција.> Тоа јасно покажува дека во напорите за југословенско-грчкото приближување тогашното македонско и југословенско раководство избегнувало да го спомене, да го постави, а и да се застапува за заштитата на интересите и правата на македонскиот народ во Грција, а камо ли да стане збор за некакви територијални ревандикации кон Грција и другите соседни земји каде што живеат Македонци.

Специфичностите за посебниот национален карактер на Македонците, за посебноста на нивниот јазик, културата, традициите, обичаите и сличните белези својствени за една посебна нација, ги нагласува во својот извештај Лусиен Пјер Лемоан, ген. француски конзул во Солун, упатен на 17 септември 1952 година до францускиот министер за надворешни работи, под наслов “Грчко-југословенските односи и Македонија”.<Исто таму... сигн. 133, Лусиен Пјер Лемоан, ген. француски конзул во Солун до својата екселенција г. министер за надворешни работи - Париз. Солун, 17. иЏ. 1952, предмет: грчко-југословенските односи и Македонија.> Во овој извештај меѓу другото се подвлекува дека “ова значајно миацинство (македонското - б.м.) кое е многу жилаво и работливо живее, нескршливо е приврзано за своите обичаи и посебно на својот јазик...”.<Исто таму...>

Слични специфични оценки и белези за македонскиот етнос во распарчените делови од интегрална Македонија изнесува и потенцира и францускиот амбасадор во Софија Жан Луи Бодиер во својот извештај до францускиот министер за надворешни работи од 19 мај 1955 година, при што во текстот како лајт мотив се повторува неговата констатација од која произлегува заклучокот: “нивото на животот во Вардарска Македонија го потврдува јавното мислење кое е многу приврзано кон идејата за една унија на Јужните Словени... а во Македонија (Егејска, м.б.) сместен меѓу Здово (село близу Демиркаписката клисура, б.м.) и Солун, се употребува еден јазик - словенски, и во целиот овој регион селата продолжуваат да ги носат словенските имиња..., а Македонците од Пиринска Македонија се ориентирани кон Вардарска Македонија...”<Исто таму, sous-serie ла Yougoslavie, vol. 103, Macedonie. Софија, 19 мај 1955, белешки од патувањето во Егејска и Вардарска Македонија на Жан Луи Бодиер, француски амбасадор во Софија, до министерот за надворешни работи на Франција Антоан Пинај - Париз.> Впрочем карактерот и состојбата на населението, називите на населбите, ги потврдува и приложената француска карта на Македонија, од која јасно се согледува дека сите населени места со исклучок на Солун (во картата стои Салоник) имаат македонски имиња.

Ако во првиот период беше очигледна упорноста на југословенската страна во поставувањето на проблемот за заштита на македонското малцинство во Северна Грција, односно Егејска Македонија, така што прашањето на националните права на Македонците се заостри до 1949 година и притискаше и во наредните години, според извештаите на француските дипломатско-конзуларни претставници од Атина и Солун, подоцна “се почувствува” една тишина што Белград ја манифестира, бидејќи Југославија се наоѓа во тешка ситуација поради Информбирото..., но сепак ние не можеме да се согласиме со тоа во ХХ-от век да се прогонува едно национално малцинство (македонското, б.м.) кое политички и економски се угнетува, ниту со тоа да се менуваат имињата на населените места. Ние не можеме да се согласиме не само затоа што ова е спротивно на хуманитарните принципи, туку особено што во оваа земја жителите се од наш род и наша раса... поради тоа ние решително сме против една таква кампања, неа ја осудуваме и властите на Грција треба да водат сметка за тоа... дека во Егејска Македонија не се решава проблемот на Македонците, што придонесе тие да емигрират во прекуокеанските земји...”.<Исто таму...>

Без оглед до кој степен на реалноста продреле дипломатските претставници на големите сили во проникнување и откривање на вистинските состојби за положбата и нацоналните права на Македонците во соседните земји, сепак, неодминливи се нивното согледување и оценките дека тогашното југословенско ракаоводство од година во година се' повеќе и повеќе се оддалечувало од македонското национално прашање, а од крајот на 1955 година и потоа да го одбегнува и спомнувањето на ова прашање во меѓусебните комуникации со соседните балкански земји.