Прејди на содржината

Човек што се претвора

Од Wikibooks

1. ЧОВЕК ШТО СЕ ПРЕТВОРА


Претворањето е, на кратко, намалување на своите дела и зборови. Човекот што се претвора е ваков:

Тој е оној кој им пристапува на своите непријатели, подготвен со нив да зборува љубезно, воопшто не покажувајќи ја омразата. Истите кои, позади грб, ги напаѓа, ги фали кога зборува со нив, и им изразува сочувство кога се повредени.

Им простува на предавниците, и не се лути за она што е кажано против него. На оние, на кои им е извршена неправда, и кои поради тоа се нерасположени, им го кажува она што сакаат да го слушнат.

Ако некој сака итно да зборува со него, секогаш вели дека покасно ќе се вратат на темата.

Иако прави нешто, тој не го признава тоа, туку тврди дека само што размислувал за истото. Се правда, секогаш, дека само што стигнал или доцнел или не се чувствувал добро.

Ако некој побара пари или доброволен прилог од него, вели дека нема од каде да даде, ако не купува ништо, вели дека добро му оди трговијата.

Ако слушне нешто, се прави како ништо да не слушнал; ако види, вели дека не видел, а ако признае нешто, повеќе не се сеќава на тоа. На еден му кажува дека ќе размисли, на друг дека ништо не знае за тоа; глуми изненаден; и на крај кажува дека и самиот помислил на истото.

Накратко, тоа е човек кој многу често ги користи овие изрази: “Неверојатно!”, “Несфатливо!”, “Изненаден сум!”, “Според она што го кажуваш, тој станал сосема друг човек, пред мене не зборуваше така.”, “Чудно”, “Тоа кажувај му го на некој друг”, “Не знам, вистина, дали да не ти верувам тебе или да го осудам него”, “Внимавај да не им веруваш премногу на луѓето”.