Чешки јазик/Азбука
Чешката азбука е составена од 42 букви.
Големи букви:
- A Á B C Č D Ď E É Ě F G H Ch I Í J K L M N Ň O Ó P Q R Ř S Š T Ť U Ú Ů V W X Y Ý Z Ž
Мали букви:
- a á b c č d ď e é ě f g h ch i í j k l m n ň o ó p q r ř s š t ť u ú ů v w x y ý z ž
Дијакритички знаци
[уреди]Покрај стандардните латинични букви, можеме да забележиме букви со дијакритички знаци.
Знак за издолжување (čárka) се пишува како коса црта над буквата, која се изговара подолго. Сите самогласки (a, e, i, o, u, y) може да имаат знак за издолжување.
Прстен (kroužek) се пишува како крукче и тоа единствено кај буквата ů. Се изговара исто како ú. Се користи само во средината и на крајот од зборот.
Знак за омекнување (háček) се пишува како квака или како апостроф (кај малите букви ď и ť). Буквата Ř е карактеристична за чешкиот јазик и е голем предизвик за учениците на чешкиот јазик. Таа е комбинација на R и Ž кажани заедно многу брзо.
Изговор
[уреди]Еве како се изговараат некои букви од чешката азбука, кои во македонската азбука немаат слични еквиваленти:
Ď | се изговара како дј |
Ň | се изговара како нј |
Ť | се изговара како тј |
Ě | се изговара како је |
Ř | се изговара како рж, рш |
Ý | се изговара како долго и |