Четворица комити

Од Wikibooks
Четворица комити
од балкани слегвеја
од балкани слегвеа
право тргат на Прилеп.
Право тргат на Прилеп---
кај Методи Крапчета. 2х
Не го нашле крапчета---
тук ја нашле невестата. 2х
Добро утро невесто---
добро комити. 2х
Појдите во одаја ---
ракија да пијате 2х
Не сме дешле за ракија ---
туку за амането 2х
Го бараме Крапчета ---
да ни даде сто лири 2х
Да ни даде сто лири ---
за касата комитска 2х
Пушки да си купиме
за четата комитска.
Пушки да си купиме
в борба да си одиме.
В борба да си одиме
земја да ослободиме.
Земја да ослибодиме
земја Македонија.