Црно му било пишано на Александро Турунџев
Изглед
- Црно му било пишано
- на Александро Турунџе
- шеснајгодишен војвода
- на седумнајста го фатија.
- Бог да убие кодошот,
- кодошот Митре Гинката,
- што го предаде Турунџе,
- тој неустрашен бунтовник.
- Тој го предаде Турунџе,
- за сто и пејсет жолтици,
- тој го предаде Турунџе,
- на тие клети душмани.
- Го турија во зандани,
- во тие темни долапи,
- со тешки франги на раце,
- и дробен синџир на гуша.
- Го изведоа на Ат-пазар,
- му ја кажаја бесилката,
- цела се Битола расплака,
- за Александро Турунџе.