Фанче ојде во Калишта
Изглед
Фанче ојде во Калишта е македонска народна песна.
Текст на песната
[уреди]- Фанче ојде во Калишта
- во Калишта на панаѓур. [2х]
- Нигде место не ми најде
- ми кандиса под скалата
- под скалата в одајчето
- в одајчето, зад ајчето.
- Што му рече на Димитрија
- ај Димитри, кир Димитри
- ај да ојме на визита
- на визита кај кир Коста
- кај кир Коста од Белета.
- Таму имат чалгаџии
- тамо свирит Караѓуле
- Караѓуле со тајфата.
- Свири, свири Караѓуле
- да поиграт кира Фанче
- кира Фанче едно чамче
- едно чамче елбасанче.
- Не го знаит кира Фанче
- кира Фанче пусто чамче
- пусто чамче елбасанче.
- Свири, свири Караѓуле
- дан' ти го земам кемането
- дан' ти го удрам од главата
- дан' ти го фрлам в езерото
- дан' ти го јадат и рибите
- и рибите летниците.