Учи ме мајко карај ме

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Учи ме мајко карај ме Како да ја земам Лиљана Лиљана мома убава И тако даље

Учи ме Мајко, карај ме Автор: Ѓорѓи МАРКОВ

„Еееј, учи ме мамо, карај ме како да ја земам Лилјана Лилјана мома убава Лилјана тенка висока Лилјана бела црвена Лилјана ситен босилок Лилјана една на мајка.

Учам те синко карам те како да ја земиш Лилјана повикај триста мајстори направи чешма шарена наврати вода студена сите селани ќе дојдат и Лилјанини другачки ем сите калеш невести белким Лилјана ќе дојде.

Послуша Стојан мајка си повика триста мајстори направи чешма шарена наврати вода студена сите селани дојдоа и Лилјанини другарки ем сите калеш невести кучка Лилјана не дојде.“