Трба трби Гевгелија

Од Wikibooks
Трба трби Гевгелија
сите Турци надавија х2
од јунака Леонида.
Цар испратил до три војски
до три војски се' тирански.
Прва војска гевгелиска
втора војска е дорјанска х2
трета војска е струмичка,
ќе го барат Леонида,
Леонида баш комита.
Го бараја во богданско
го најдоја во Ѓавочко х2
во Ѓавочко во Ѓурѓов дол,
јунак лежи под спилата,
срце му је динамита х2
в раце држи леворвера
бој започна од сабајле
од сабајле дур до вечер,
триста души убиени,
а ранети неброени.
Проговара јузбашија
еј јунаку Леонида
предај ми се ти на мене
да те видам кај cултанот
тој да види каков јунак
ќе ти даде многу пари.
Одговара Леонида
слушај мене јузбашијо
елај ваму, понаваму
да ти кажам два три збора (х2)
два три збора Македонски.
Голем срам је за комита
жив да падне в турски раце
таква правда, турска правда
три илјади на тримина
останаја два патрона
еден за теб' втори за мен'.
Си извади леворвера
па го стрела јузбашија (х2)
и на крајот сам се убил.
Живот даде Леонида
за Македонија мила.

Надворешни врски[уреди]

Блог за македонски народни песни

Во изведба на Васка Илиева