Тежина, 1965

Од Wikibooks

Јован Котески
Тежина

Издавач: Кочо Рацин, Скопје
1965


Невино чист на устието
во тргнувањето сомнително студен
во средината на коритото неодложно матен.
Ти извор далечен на мојата душа.


Ќе отпатувам до Малесија[уреди]


Ќе отпатувам до Малесија
како бол од песна
како глас од моме
како плач од жена
Ќе отпатувам до Малесија
како јужен ветер
како топло сонце
како горка љубов
Ќе отпатувам до Малесија
како далечен спомен

Смртта на Каритон[уреди]


Веќе извира тешко, како ноќ.
Кренете го! Во полусон
душата негова се качува
по темни скали.

Широка, прегратка на ветрот
го дочекува со плач.
Пеплосана долината тоне
во цвет од созвучје нежно.

Беше ја љубел зората
со чист трепет.
Сега, прекриен со крила
од мртви прици, самува.

Болката нема свој зрак
како што нема свој камен
белиот дворец на облакот
каде што Каритон влезе.

Калишта[уреди]


Слегувам по каменот
ништо ново, ништо очајно.
Водата е бисер-вода,
убавината ја нема,
времето не постои.
Мајка ми пак некаде
на сува земја длабоко дише
и можеби умира.
А јас во потрага
по една блага клима
по едни црни очи,
по некаква измаглина
дојдов во Калишта.
Дојдов во Калишта
кога манастирското ѕвоно
во совршен занес
сонуваше тишина;
дојдов кога каменот
и’ се допираше на вечноста,
кога убавината како езерска пена
ми ја матеше крвта.
Таа веќе е ровка,
таа веќе набабрува,
таа веќе прекипува
од убавина. Цркни!
Се вратив во Калишта
како стебло без сенка.
Гледајќи те в очи
додека твоите издивки
како црни дамки на жолти крилца
од пеперутка
висеа во мене,
гледав како со блага линија
водата и небото плетеа роза.
Ми останува само да го соберам својот плач
и да отпатувам од летото.

Немаштија[уреди]


Веќе ни лебдеше на усните душата,
на јазикот се пластеше пелин.
Како проклетство, земјата сува,
сува кората на дрвото,
нашите жили, камењата,
ланските зборови и лебот сув
со распукани усни шепнат.

Веќе паѓа сенка како крило,
коњите, житото, вересијата
и пештерите се наши
и реките течат надолу,
само ние остануваме газејќи
пресен дожд и лански лисје.
Ги откопуваме старините
и при секој чекор се најдуваме
со туѓо име. Ај нека се вратат
децата како птиците напролет,
кога вдовиците кукаат
пред затворените врати.
Угоре високо – удолу длабоко,
а ние остануваме овде.
Како заслепени ластовици
што ги привтасала есента
- далеку по патот-
ги сретнуваме нашите мајки.
Нека остане болеста
закована за туѓа душа
и тие благи очи
што фрлале снопја топлина,
во себе го пронашле
мртвото стебло.

Веќе паѓа сенка како крило,
коњите, житото, вересијата,
плачот на жената
и рапавиот глас во туѓо грло
се огласува како немаштијата.

Допири[уреди]

Црн Врв[уреди]

Лето[уреди]


Летото дремеше на каменот.
Како прстен,
змијата и цивилизацијата
ползеа в оган.
Далеку од нас
убавината си ја покажуваше снагата,
манастирите криеја завист,
небото како бела перуника
цветаше од неа.
На софрата од памтивек мачен
бокалот преполн сиромаштија чекаше,
додека ангелот на Свети Ѓорѓија
чекаше во нас.
Летото дремеше на каменот.
Чист допир удираше
со подземното богатство
на музиката.
Преселувајќи се народите
по патиштата граделе кули,
поправале древни легла
иноселе секири златни
кон златниот престол
на сонцето.
Понесувајќи ја девојката
како златно јаболко по плажите,
еден младич на песочниот брег
прескочи мрава.

Маченици[уреди]

Немај-каде[уреди]


Навечер излегуваме на ридот.
Се загледуваме во темните длабочини
на далечините и молчиме.
Таму каде што заминаа нашите деца
сега се враќа само здивот на морето,
од морскиот разурнат бран.
Многумина од нас не видоа море.
Децата наши ја понесоа
бледата сенка на црвеницата
и плачот на мајките што знаеја
дека не ќе дојдат дома.
Навечер и планините шепотеа
дека не ќе дојдат дома.
Многумина умреа без да видат море.
Го затворивме својот круг,
ги скршивме гранките на сувото дрво
и онемевме. Пресипани со злато,
и дабовите шумеа навечер
дека не ќе дојдат дома.
Земјата болно мирува,
дека не ќе дојдат дома.

Враќање[уреди]

Злокуќани[уреди]


Вие што сте ја кренале
куќата темна како ноќ
на ридот, како бдеење,
сте го одредиле патот,
сте го стопиле каменот –
сте си направиле чудо!
По толку години, клета,
вратата, стапката, здивот,
по темни скали слегува.
Врати се! Во градината
со бел цвет, крило од птица,
со очи сино-небески
ќерката на предачката
самува. О, бела водо!
Преку твојот притаен звук
таа доаѓа сред цвеќе,
ја набабрува дојката,
ја осмислува зората
и цути како алов мак
на сува земја сред поле.
Орачот, „де!“ во шумата
светлост од ѕвезда што вене,
првиот пат ќе се крене
крај река, во поле, горе
во височините темни
ја храни браздата взори.
Сал ни збор за предачката!
Таа како блага вечер
на некој листец од цветок бел,
си ја одмора душата.
Бегајте војници в зора!
Разорани патиштата
гледај: под копито коњско
машка вилица се злати.
По голку години, сами
дојдовме до куќата- молк.
Ни плач на дете во ноќта,
ни крило од ластовичка,
ни бела врата, ни бел цвет
зад бела срма од сонце.
Само по темните скали,
о време! плач на каменот:
во калта ја побаравме
чистата ѕвезда на српот.
Душата на предачката
во душата на ќерката,
во душата на цветот бел
самува. О вечност блага!
Вие што ја ѕидавте
куќата темна како ноќ,
слегувајте си полека
ронејќи камења бели
по темните скали од молк.

Сува земја[уреди]

Меланхоличар[уреди]

Страв[уреди]

Смеата на Вера[уреди]

Збогум[уреди]

Оплакување[уреди]


Падни овде без плач.
Ликот твој и солза
и душата по која јас липам
е како секнат извор
на сува земја.
Падни овде без плач.
Лебот сув, патиштата,
чекањето со влажни очи,
празни раце и веселбите
ќе паднат со нас.

Ти што потајно ромориш, во длабочина
како најчист бисер,
почиста мисла ме допре
одгоре, гледајќи изморен лик
на твојот срамежлив образ.
За жедно срце жедно дојде ти
на сува земја сред камења сури...
Надојде божем од девојче шум
носејќи во себе посребрена слика.
Ти извор зелен под спокојот мек
на бела вода складно што се слива.
Невино чист на устието,
во тргнувањето сомнително студен,
во средината на коритото неодложно матен.
Ти извор далечен на мојата душа.

Дојдов да те исплачам
како што си ја оплакувам
својата мајка.
Ти си темна и тешка како ноќ,
глува како земја,
нејасна како лавина.
Дојдов кога дојдоа луѓето
како принадојдени води се насобраа,
ги прекрстија рацете и те оплакуваа.

Ти се ослободи сама,
за секој шум птицата на твоето срце стивна
снагата во црнината ти мируваше
како вода на дното чиста.
Ти си веќе полусон? полумесечина,
твојот пат е чист како бисерот
твојата слобода е само твоја,
ти си безгранично осамена пред светлината!
Најпосле те изнесовме пред сонцето
толку драга, толку убава,
како зрел плод
на вжештеното летно претпладне.
ај убавино, мирувај!

Царството Бремово[уреди]

Кула[уреди]