Сулиман ага
Изглед
Оваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.
- Сулиман ага има џанам,
- дванајсе чифлици x2
- Чифлиците дава џанам,
- Ленка не ја дава. x2
- Јоти Ленка била џанам
- тенка ем висока x2
- тенка ем висока џанам
- Бела ем црвена x2
- Сулиман ага има џанам
- Три илјади овци x2
- Овците и дава џанам
- Ленка не ја дава x2
- Јоти Ленка била џанам
- тенка ем висока x2
- тенка ем висока џанам
- Бела ем црвена x2