Сокол ми лета високо

Од Wikibooks
Сокол ми лета високо,
Мори девојко,
Сокол ми лета високо,
Над таја града Кукуша.
Мори девојко,
Над таја града Кукуша.
Над Делчевите дворови,
Мори девојко,
Делчево либе убаво,
Рамни дворови метеше,
Мори девојко,
Рамни доворови метеше,
И дробни солзи ронеше.
Жално го Гоце тажеше,
Мори девојко,
Дека е Гоце загинал,
Во тоа село Баница.
Мори девојко.
За мачна Македонија

Надворешна врска[уреди]

Во изведба на Група Бапчорки