Собрале ми се набрале нашите лични ергени

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Собрале ми се набрале
Нашите лични ергени
Оф, леле мале ле
На орото да одат
Оф, леле мале ле
Убави моми да лажат.
Ергени оро фатија
Момите ми се пуштија
Оф, леле мале ле
Пусти ми биле ергени
Оф, леле мале ле
Застрамија момите.
Ерген на моми думаше
Елате моми на оро
Оф, леле мале ле
Невеста да си бендисам
Оф, леле мале ле
Убава мома гиздава.

Надворешни врски[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни