Словачки јазик/Глаголи
Сегашно време
[уреди]Глаголите во словачки јазик во нивната инфинитивна форма завршуваат на буквата ť.
Сегашното време (prítomný čas) во словачкиот јазик се образува со додавање на следниве наставки:
еднина | множина | |
---|---|---|
1. | − m | − me |
2. | − š | − te |
3. | ∅ | − jú / − ú / − ia |
čítať | robiť | cestovať | |
---|---|---|---|
ja | čítam | robím | cestujem |
ty | čítaš | robíš | cestuješ |
on / ona / ono | číta ∅ | robí∅ | cestuje ∅ |
my | čítame | robíme | cestujeme |
vy / Vy | čítate | robíte | cestujete |
oni / ony | čítajú | robia | cestujú |
Негација
[уреди]Глаголите во сегашно време може да се негираат со помош на префиксот ne−, на пр. nerozumiem, necestuje, nemajú.
Минато време
[уреди]Минатото време во словачкиот јазик (minulý čas) е составено од два елементи:
- глаголската л-форма од глаголот - изменувана по род и број
- конјугираната форма од глаголот byť во сегашно време во 1 и 2 лице еднина и множина, но се изостава во 3 лице.
čítať |
---|
čítal som |
čítal si |
čítal |
čítali sme |
čítali ste |
čítali |
Конјугираната форма од глаголот byť како дел од минато време секогаш се наоѓа на второ место во реченицата, на пр. čítal si или ty si čítal.
Идно време
[уреди]Идното време (budúci čas) се формира различно кај несвршените и свршените глаголи.
Несвршени глаголи
[уреди]Идното време од несвршени глаголи се образува од:
- конјугираната форма од глаголот byť во идно време
- инфинитивот од глаголот.
čítať | |
---|---|
ja | budem čítať |
ty | budeš čítať |
on / ona / ono | bude čítať |
my | budeme čítať |
vy / Vy | budete čítať |
oni / ony | budú čítať |
Свршени глаголи
[уреди]Словачките глаголи како и македонските доаѓаат во парови несвршен-свршен, при што значењето е исто, а се разликуваат во тоа дали дејството е завршени или не. На пример, од несвршениот глагол písať (пишува), со додавање на префикс na- се добива свршен глагол napísať (напиша):
- Chcem písať list. - Сакам да пишувам писмо. (незавршено дејство)
- Chcem napísať list. - Сакам да напишам писмо. (целосно извршено дејство)
Свршените глаголи немаат сегашно значење. Нивните форми за сегашно време искажуваат идно дејство.
Свшрените глаголи може да се формираат со префикс, кој е различен од глагол до глагол, и мора да биде научен. Најчестите префикси се po-, u-, z-/s-, za-, pri-, od-.
- u-: robiť>urobiť, variť>uvariť
- z-/s-: čítať>sčítať, variť>svariť, jesť>zjesť
- za-: hriať>zahriať, platiť>zaplatiť, volať>zavolať
- pri-: niesť>priniesť
- od-: ísť>odísť, strániť>odstrániť