Скендербег
СКЕНДЕРБЕГ
По паѓањето на Албанија под османлиска власт, голем број градови и селски населби биле ограбени и опустошени. Населението било задолжено со бројни даноци и други обврски и задолженија во полза на османлиската власт. Поради тешката ситуација и притисоците на Османлиите, голем дел од албанското христијанско население било принудено да ја напушта земјата.
Поради лошата положба на населението, кон средината на 15 век во Aлбанија било кренато големо востание против Османлиите, на чело со Скендербег. Родено име му е Ѓорѓија(Георг Кастриот), роден на 6 мај 1405год. во Круја(Албанија). Тој потекнува од христијанско благородно семејство.
Неговиот татко по име Иван Кастриот за да задржи поседи во средна Албанија и во дебарската област , ги дал своите синови како заложници кај султанот. Иван Кастриот владеел со териториите меѓу реките Мат и Дрим .Кога бил кај султанот Ѓорѓ ја сменил својата религија во Ислам и си го променил името во Скендер(исламска варијанта на Александар). Тој вршел високи функции во османлиската
држава, дури станал и т.н. генерал, турски бег.
Во 1443год. Скендербег дошол во Албанија со 300 свои приврзаници и користејки ги слабостите во Отоманската империја, тој се отцепил од турската власт и кренал востание во Дебарско. Негов најблизок соработник бил Мојсо Големи од Дебар, додека центар на востанието бил градот Кроја. Во борбата против Османлиите тој добил подршка и помош од Венеција и од другите западноевропски земји. Како "капетан на Албанија", Скендербег со успех се борел против побројната османлиска војска. Востаниците ослободиле поголем дел од Албанија, како и дел од пограничните територии на Македонија. Во востанието на Скендербег зеле учество и голем број Македонци од Дебарскиот крај. Во Дебарско се одиграле и неколку битки помеѓу востаниците и османлиската војска. Попозната била битката што се одиграла кај Светград(Коџаџик) во која османлиската војска лично ја предводел султанот.
Скендербег успешно им се спротивставувал на Османлиите цели 25 години. Се до неговата смрт на 17 јануари 1468година, кога востанито било задушено од еден Албанец по име Балабан-Паша, кој бил освоен од Османлиите. Јуначката борба на Скендербег против Османлиите во целиот тогашен христијански свет предизвикувала восхит и одушевување.
Востанито на Скендербег имало големо значење во борбата на христијанското население во Албанија и Македонија против османлиската власт. Иако било кренато во Албанија востанието го помагале христијанските држави од Европа, најмногу Венеција. Покрај Албанците во востанието зеле учество и голем број Власи и Македонци, кои се истакнале во борбата против Османлиите.
според Марин Барлети биографот на Скендербег: Османлиите го освоиле Светиград(Коџаџик) со издајство. Успеале да наговорат еден од бранителите на градот ноќе да фрли во бунарот со вода пцовисано куче. Кога следното утро тоа било забележано во градот завладеало големо неспокојство. Сите Дебрани биле огорчени заради предавството. Повеќе се плашеле од загадената вода отколку од непријателот. Едни барале градот да се запали и да се направи пробив низ непријателските редови. Сепак го избрале помалото зло-му се предале на непријателот и ги прифатиле неговите услови за мир.
Војската на Скендербег била со традиционално оружје-сабји, копја и стрели. Имало лесна пешадија(турска пешадија).
По смртта на Скендербег, неговиот син Скендербег Ѓон Кастриот, којшто имал само 14 години заедно со својата мајка Доника морале да заминат од земјата, и се населиле во христијанското Неаполско Кралство.