Прејди на содржината

Сестра моли брата за вечера

Од Wikibooks

Сестра моли брата за вечера е македонска народна песна.

Текст на песната

[уреди]
Сестра моли брата за вечера
Сестра моли брата за вечера
ајде, ајде брате да вечераме. [x2]
Вечерајте сестро не чекајте ме
јас сум било сестро у меана. [x2]
Јало пило сестро сум се опило
голем зулум сестро сум направило [x2]
сум заклало еден син на мајка
сега они барат крвнината. [x2]
Ајде, ајде брате да вечераме,
за крвнина брате колај бива. [x2]
Сестра има брате девет сина,
едно сине мајка ќе прежали. [x2]
Цел ноќ седи мајка солзи рони
кое сине мајка да прежали. [x2]
Прежалила мајка најмалото,
најмалото мајка најубавото. [x2]

Надворешни врски

[уреди]

Блог за македонски народни песни