Селска мака – Кочо Рацин

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Покрај ниви, покрај лаки

покрај снискине брегови,

вода тече - вода влече

селски солзи, селски маки

селски таги и јадови.



Извор вода извираше

плодно поле наливаше -

плодно поле род народи.



Ноќе чума ли одеше

плод од поле ли береше -

амбар селски пуст остана!



Сонце ми силно светеше

гора ми се зеленееше

в гора пиле песна пее.



Камен ли му в гради легна

стија ли го в коси стегна -

срце селско - векот тажно!



Кој ја сипе кој ја роси

таја слана што покоси

по нивјето пшениците

по лозјето гроздовите?

Та се житце не зелени

та се грозје не румени,

та од пуста селска мака

аир нема дур од века?