Прејди на содржината

Седум јунаци и Арапин

Од Wikibooks
Средба срете Марко Прилепчанец,
Средба срете низ Косово поле,
Тамо прави седумдест манастир,
Без везиров и без царев изан,
От там ојде на широко Скопје,
Тамо фати манастир да праве,
Манастир праве свети Димитрја.
Кога Марко направи манастир,
Ми се пречу во града Стамбола,
Во Стамбола до султан Мурата:
„Султан Мурат си кладе телјали.
Телал личе из града Стамбола: "Дал чуете Турци и рајате!
Што настанал делибаша Марко,
Што ми се тиа чудби от него!