Саде ти се чудам, Цвето

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Текст[уреди]

Саде ти се чудам, Цвето

Саде ти се чудам, Цвето,
Како сама спиеш,
Еј пиле мори Цвето,
Како сама спиеш.

Како сама спиеш, Цвето,
В шарена одаја,
Еј пиле мори Цвето,
На железен кревет.

Ај викни ме Цвето, мори,
Другар да ти бидам,
Еј пиле мори Цвето,
Другар да ти бидам,
Еј јагне мори Цвето,
Со тебе да спијам.

Со тебе да спијам, Цвето,
Уста да ти пијам,
Еј пиле мори Цвето,
Со тебе да спијам,
Еј јагне мори Цвето,
Уста да ти пијам.

Надворешна врска[уреди]

Блог за македонски народни песни

Музика