Решение на бирото на обласниот комитет на БРП(к) населението да пишува како македонско
Горна Џумаја, 21 декември 1946 година.
ПРОТОКОЛ БРОЈ 19
На бирото на обласниот комитет на БРП(к)-Горна Џумаја, одржан во состанокот на 21.XII.1946 година, со следниот дневен ред:
(...)
3.Нашата работа на пописот.
Присуствуваа: Крстју Стојчев, Ефтим Георгиев, Георги Мадолев, Спас Тантилов, Минко Попов, Асен Константинов, Велик Бојаџиев, Стефан Папалезов. На состанокот присуствуваа и народните пратеници Иван Делев, Горан Ангелов, Јусеин Имамов, Ангел В‘лев, Коста Диклиев и Дончо Лисијски.
По т.3:Др.Крстју Стојчев кажа во однос на идниот попис, дека ЦК е согласен населението од нашиот крај да се пишува по националност „македонци“. Тоа ќе биде една кампања на нашата партија; ние ќе сретнеме отпор: ете, Чанџиев покрена прашање во собранието, како и кај самите наши сојузници. Заедно со тоа стои прашањето за муслиманите во нашата област. Ќе биде доволно да ги пишуваме по народност македонци, вера - муслиманска. Јусеин Имамов го потврди истото.
Ефтим Георгиев: Ние со недоволна сериозност сме погледнале на тоа прашање за националноста. И ако ја спроведеме акцијата добро, ќе дадеме одговор на прашањето, покренато од Чанџиев, во рацете на Димитров. Предлагам да се користи нашето искуство од предизборната кампања, да го примениме планот за изборите во целата негова мрежа на повереници од долу до горе. 2.Да се проверат непријателските елементи кај попишувачите и да бидат одфрлени. 3.Нашите повереници по места да одат со попишувачите да разјаснуваат и помагаат во техничката работа. Целата партија треба да биде спремена.
Георги Мадолев: Градскиот комитет го покрена тоа прашање пред првенствените организации и јас мислам:
1.Непријателските елементи кај попишувачите да бидаат исфрлени веднаш.
2.Партијниот апарат за изборите да со востанови и да ја спроведе оваа акција.
Се покренува прашањето што да се пишува во колоната „зборуван јазик“ и се прие да се допушти да се пишува „бугарски“ претежно во градовите, а по селата главно „македонски“.
Биро на обласниот комитет: 1.Крстју Стојчев, 2.Ефтим Георгиев, 3.Георги Мадолев, 4.Спас Тантилов, 5.Минко Попов.