Разјаснување односно пописот
Свети Врач, 24 декември 1946 година.
ПРОТОКОЛ БРОЈ 45
Денес, 24.XII.1946 година, бирото на околискиот комитет се собра на состанок во присуство на др.Иван Делев, Јордан Ризов, Александар Бабалеев, Никола Хаџимитов и Илија Чорбаџијски и во присуството на др.Никола Харисков, Васил Пасков и Иван Николов Хаџимитов со следниот дневен ред
(...)
3.Пописот и македонското прашање.
По точка трета др.Иван Делев соопштува за тоа, оти не очекува попис, во кој партијата и сиот народ треба да земаат живо учество. Освен тоа го изјасни посебниот народностен карактер на нашата област како македонска и неопходността од одбележување во бирачките ливчиња тоа, дека ние сме Македонци.
За изјаснување на горното пред целата партија и останатото население се зеде решение да се пишува до сите партиски организации со задолжение да се проведат партиски собири, како се користи и целиот предизборен апарат. Освен тоа да се покрене прашањето пред околискиот комитет на ОФ и пред идната административна конференција. Истото да се направи и со спроведување на специјална конференција со попишувачите и членовите на околискиот и градскиот актив - да обиколат барем поголемите села...
По исцрпување на дневниот ред состанокот беше закриен.
Биро: 1.Иван Делев, 2.Без потпис, 3.Без потпис