Разговор со корисник:Bjankuloski06

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Wikibooks

Вашиот администраториски статус на mkwikibooks[уреди]

Здраво. Во 2013 г. со консензус од глобалната заедница беше усвоено правило за одземање на „напредните права“ (администраторски, бирократски и тн). Согласно ова правило, надзорниците сега ја проверуваат активноста на сите Викимедиини викија без свое правило за неактивност.

Утврдивме дека Вие го задоволувате критериумот за неактивност (немате уредувања или дејства во дневникот повеќе од 2 години) на горенаведеното вики. Бидејќи викито нема сопствени правила за неактивност, за Вас ќе важи глобалното правило.

Ако сакате да си ги задржите правата, ќе треба да ѝ соопштите на заедницата на викито дека надзорниците ви го испратиле ова соопштение во врска со Вашата неактивност. Доколку заедницата го продискутира ова и реши да ви дозволи да ги задржите правата, тогаш пишете на Надзорничката чешма и наведете врска до дискусијата на тамошната заедница, каде членовите ја изразуваат решеноста да ги задржите правата.

Доколку се откажувате од Вашите права, тогаш одговорете ни тука или побарајте одземање на правата на Мета.

Доколку не дадете никаков одговор цел месец, надзорниците ќе пристапат кон одземање на вашите администраторски и/или бирократски права. Во нејасни или недоречени слуичаи, стујардите ќе ги разгледаат одговорите и ќе го упатат Вашиот случај на месната заедница за да го продискутира. Доколку имате некакви прашања, обратете се кај надзорниците. Linedwell (разговор) 07:44, 16 март 2017 (CET)[одговори]