Развила гора зелена
Изглед
Оваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.
- Развила гора зелена, x2
- Ништо не влегва јо неја, x2
- Потам помнале ајдуте, x2
- Фатија пушки да пукат. x2
- Нивеста веле говори, x2
- Запрејте зурли тапани
- Полна е гора ајдути x3
- Ништо не влегва jо неја
- Деверо малој братенче x2
- Ај ки сја менме рубата
- Јас ки се сторам деверо
- Теб ки те прајме нивеста x2
- Нивеста веле говори x2
- Јаска можам пушка да држам
- Јаска можам сабја да вртам. x2