Прејди на содржината

Предговор (Махадев Десаи)

Од Wikibooks

Кога лорд Лотиан беше во Сигон ме праша дали би можел да му дадам копија од Хинд Свараџ, бидејќи како што тој кажа, с# што Ганди учи сега го има својот зародиш во таа мала книга, која заслужува да биде читана и препрочитана со цел Ганди да биде соодветно разбран. Интересно е дека во исто време Шримати Софија Вадија пишуваше натпис за книгата убедувајќи ги сите наши министри и членови на правната асамблеја, и сите британски и индиски државни службеници, навистина секој кој сакаше експериментот на ненасилство во демократијата да успее, да ја прочита и препрочита книгата. “Како може ненасилен човек да биде диктатор во својот дом?” таа прашува. “Како може тој да биде винопиец? Како може адвокатот да го посоветува својот клиент да оди на суд и да се бори?”Одговорите на сите овие прашања издигнуваат многу важни практични проблеми. Образованието со Хинд Свараџ, во кое овие проблеми се решаваат од гледна точка на принципи, треба да биде извршено во голема мера. Нејзиниот повик е навремен. Книгата е напишана во 1908 г. за време на враќањето на Ганди од Лондон, како одговор на индиската школа на насилство и е издавана на делови во колумни во весникот Индиско гледиште, уредувано од Ганди. Потоа беше издадена во вид на книга, која беше забранета од Владата на Бомбај. Ганди ја преведе книгата за г-н Калебек. Како одговор на постапката на владата на Бомбај, тој го издаде англискиот превод. Кога Гогхеил го виде преводот при неговата посета на Јужна Африка тој го сметаше за незрел и набрзина составен и тој претскажа дека самиот Ганди ќе ја уништи книгата по една година помината во Индија. Во одбрана на сеќавањето на големиот учител, можам да кажам дека ова претскажување не се оствари. Во 1921 г. Ганди пишувајќи за неа рече: “Ја проповеда вистината за љубовта, наместо онаа за омразата. Го заменува насилството со саможртвата. Ја вдлабнува душевната сила наместо грубата сила. Не повлекувам ништо од неа освен еден збор, и тоа во одбрана на една пријателка. Книшката е силна осуда на ‘модерната цивилизација’.Напишна е 1908 г. Моето убедување денес е подлабоко од кога и да е. Но ќе го предупредам читателот да не мисли дека јас денес се стремам кон достигнување на таму опишаниот Свараџ. Знам дека Индија не е зрела за него. Тоа може да изгледа дрско. Но такво е моето убедување. Јас самиот работам на себевладеењето опишано таму. Но денес мојата заедничка активност е без сомнеж посветена на остварувањето на Парламентарен Свараџ, во соодветствие со желбите на луѓето на Индија.”Дури во 1938 г. тој не сакаше да измени ништо во книгата освен можеби јазикот во некои делови. Претставена е на читателот неизменета. Но дали Индија за тоа е зрела или не, најдобро е индијците да ја проучат знаменитата книга, која го содржи крајниот логички заклучок за прифаќање на двојните начела на Вистината и Ненасилството, и тогаш да одлучат дали овие начела треба да бидат прифаени или одбиени. Кога му беше кажано дека книгата не се печати веќе извесно време и дека само неколку копии од нејзиното Мадрас издание се достапни по цена од осум анеси за копија, Ганди рече дека треба да биде издадена веднаш по номинална цена, за да биде лесно достапна за оние кои би сакле да ја прочитаат. Затоа Наваџиван издавачката куќа ја издава по цена на трошоците.

Вардха, 02.02.1938 Махадев Десаи

Порака

Го поздравувам вашето промовирање на начелата за одбрана, заради кои Хинд Свараџ беше напишана. Англиското издание е превод на оргиналот, кој е напишан на гуџарати. Би можел да го изменам јазикот на некои места доколку би требало да ја преработам книгата. Но по бурните триесет години низ кои што поминав, не видов ништо кое би ме натерало да ги променам гледиштата изложени во неа. Нека читателот има на ум дека ова е веродостоен запис од разговорите што јас ги водев со работниците, меѓу кои еден беше посветен анархист. Тој исто така треба да знае дека таа го сопре ширењето на гниежот што беше почнал да се шири помеѓу некои индијци во Јужна Африка. Читателот може да одржува рамнотежа наспроти ова мислење на драг пријател, кој за жал го нема повеќе, дека тоа беше производ на будала.

Сигон, 14, јули, 1938 г. М.К. Ганди