Предавањето на Солун

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

На барање од српските конзули, предавањето го извршил командантот на турскиот гарнизон во Солун - Хасан Таксим-паша, со потпишувањето на два протокола: основен и дополнителен.-Големите сили, преку своите дипломатски претставници, фактички им го предаваат градот на управување на Грците

Владата на Грција во согласност со грчката мегали идеја, настојувала предвоената состојба во Турција да ја искористи за остварување на големогрчките интереси. Уште пред Балканските војни, во Атина биле формирани организации што непосредно ќе бидат ангажирани по македонското прашање. Покрај другите, особено активни биле: Македоникос силогос, Елинизмос, Етники Етерија, и Скопефтики Етерија. Покрај Грци, во овие организации учествувале и Македонци, особено оние што биле под влијание на Цариградската патријаршија. Овие таканаречени македонски организации, веднаш по Илинденското востание испраќале андартски чети во Македонија, а пред Балканската војна таа активност била засилена со цел да се подготви теренот за војна.

Во почетокот на војната адвокатот Чичеликис од македонското население во Кожанско ја формирал таканаречената Света чета, што по пристигнувањето на грчката војска ја придружувала истата до освојувањето на Солун. Андартски чети составени од Македонци и од Власи биле формирани во селата Конско, Царушино и неколку чети биле формирани во Воденско-леринскиот реон. До протерувањето на турските сили, меѓу македонските, грчките и другите христијански чети постоело содејство, но потоа андартските чети и грчката војска ги протерале противничките чети и воспоставиле грчка власт. Македонските чети под команда на грчката армија учествувале во освојувањето на Лерин, на Костур, на Воден и особено на Солун.