По друм одам мајче

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
По друм одам мајче,
По друм лежам, аман,
Друм-перница, мајче
Друм-постела.
Сношти вечер, мајче,
Кога легнав, аман,
Кога легнав, мајче,
Сон си видов.
На раце, ле мајче,
Ми спиеше, аман,
Ми спиеше едно
Лудо младо.
Пуштив рака, мајче,
Да го фатам, аман,
Лудо младо, мајче,
Не си најдов.
Кога ќе ме жениш, мајче
Да ми кажеш, аман,
Беќарштина, мајче,
Не се трпи,
Само легни, мајче,
Само стани.

Надворешна врска[уреди]

Музика