Прејди на содржината

Подлизурко

Од Wikibooks

2. ПОДЛИЗУРКО


Ова може да се сфати како недолично другарување, во корист на подлизуркото. Подлизуркото е ваков човек:

Кога се шета со свој пријател, тој му вели: “Забележуваш ли како те гледаат луѓето? Тоа на никој друг во градов не му се случува”

Вчера те креваа во облаци. Имаше повеќе од триесетина луѓе, па кога почна да се зборува за тоа кој е најчесниот меѓу нас, сите прво тебе те спомнуваа, и на крајот повторно се враќаа на твоето име.

Кажувајќи го ова, и слично, му ги трга на соговорникот влакната од палтото, и ако ветарот му нанесе ливчиња или гранчиња на косата, тој ги тргнува, и насмевнувајќи се вели: “Гледаш ли? Ме нема два дена и веќе ти побелела брадата, иако, за тебе, на твоја возраст, имаш поцрна коса од било кого.”

Кога му зборува соговорникот, тој внимава другите да молчат, кога слуша го опсипува со фалби, а кога ќе заврши извикнува “Браво!”.

Кога тој, соговорникот, пак, ќе каже несолена шега, тој почнува многу да се смее, дури и го става палтото до устата, како да не може да се воздржи од смеење.

Ако доаѓаат луѓе да се поздрават со него, ги замолува да причекаат, додека ТОЈ помине.

На децата на соговорникот им купува јаболки и крушки, и им ги дава пред неговите очи, бакнувајќи ги и велејќи “Од добар татко, добри деца.”

Ако заедно купуваат чевли, забележува како ногата му е поубава од чевелот.

Ако соговорникот тргнува да се поздрави со свој пријател, тој истрчува пред него, и му вели “Доаѓа кон тебе”. Потоа се враќа, и му кажува на соговорникот дека го најавил неговото доаѓање.

Тој е оној тип кој може да купува и на женскиот пазар без проблем.

И првиот од гостите кој ќе го пофали виното, и постојано ќе вели “Како убаво јадеш”, па земајќи нешто од масата, “Колку е ова прекрасно!”

Го прашува соговорникот дали му е ладно, и пред да му одговори, го покрива со нешто. Се наведнува кон него да му шепне нешто, или го гледа во очи додека разговараат со други луѓе.

На театар, самиот го зема перничето од прислужникот, и го потресува и мести за “господинот”.

Вели, “Има прекрасно изградена куќа. Нивата е прекрасно обработена, а портретот е сосема сличен.”