Прејди на содржината

Писмо до Деспот Баџовиќ во 1888 година

Од Wikibooks

Во предговороф на ова писмо ќу ти предизвестам, оти ја ќе се помачам да ти пишем, колку е можно, на нање наречие, заместавајќи оние речи кои ја не знам, со б`лгарски. Шчо да се чинит инако, Деспоте! Нашето наречие кога можело да диктира на другите славјансќи наречиа останало наисиромашно и, као питач да опкружвит р`ка, било на б`лгарското, било на српското па и дури на руското!...

Да не се л`жеме, Деспоте национаниот дух у Маќедонија до такво дереџе је стигнал штото и сам Исус Христос ако слезит не можит да го уверит Маќедонеца оти тои је Б`лгарин или Србин, освен онија Маќедонци у кои веќе пропаганда б`лгарска се имат вкоренето. За да се увериш ти во ова нешчо требит да земиш б`лгаризма пред очи. Б`лгарската пропаганда ево веќе се чинеет 20 години, к`де работит у Маќедонија, во најслепите врмиња, кога грцизмот - сосвем чужда нациа беше зафатил да се вкоренвит во срцето Маќедонско, и Маќедонците кога видоа зрак од славјанизамо, фрлиа се, као слепи во пазувите му без да пулеет на разликите му. Стигаше за ними оти се отќиноа од грцизмот. Но, шчо се чини сега, т.ј. после двадесет години б`лгарски маќи...

Се чинит, она, Драѓи ми Деспоте, шчо е природно, но за Б`лгарите неочеквено, т.ј. сега секои Маќедонец признава оти не е Б`лгарин и гласно исповедува својата нациа, ако и да се ползувит ушче од б`лгарски средства, намајуќи, разуме се свои. После, от како виџиме ние оти б`лгаризмот пропадвит вака ужасно, можено ли је да врвит на некаков успјех за распространението на друг какоф и да е тои славјански јазик? Ја не вервам, а така исто не вервам и ти да вервиш. Затоа ние, Драѓи Деспоте, бевме расчистиле уште од лани и дури од улом-лани да препоручвиме да се отвореет маќедонсќи училишча со она намерение штото колку е можно да се искоренвеет блгаризмите, кои се имеет пикнато от отворењето на б`лгарските учиљ(ишча) у Маќедонија и да се заместаат со поприродните...“

Ова ми ти е работата, накусо Деспоте, ако сака да је знаат. Треба да го препишам писмото, ама, Богами ми је мака, зшчо се спрема на долго. Молим Вас поздравите Браќеви и попчето.

Ваш Пријател Т.Попов. Солун, 9 маи, 1888 година.