Паратироидна жлезда

Од Wikibooks

ПАРАТИРОИДНА ЖЛЕЗДА се наоѓа близу до тироидните жлезди регулирајќи го метаболизмот на фосфатите и калциумот во организмот. Концентрацијата на паратхормонот во крвта и неговото создавање од оваа жлезда е регулирано од повратната (feed back) врска. Инсуфициенцијата на оваа жлезда предизвикува зголемена нервно-мускулна раздразливост проследена со тетанички грчеви кои што можат да го доведат организмот во животна опасност ако ги зафатат мускулите на ларингсот (ларингоспазам). Ако се намали количеството на паратхормон во организмот, во фазата на никнување на забите (хипопаратироидизам) тогаш истите ќе бидат неправилно минерализирани, при потешки форми и трајно. При туморозни форми на паратироидната жлезда настанува хиперпаратироидизам, а во крвта се забележува намалено количество на фосфор и калциум како последица од деминерализација.Коските на скелетот стануваат лесно кршливи и деформирани